ЗАКОН ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ПАТНИОТ И
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ
КОНСОЛИДИРАН ТЕКСТ 1Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.92/2007; 147/2008; 161/2009; 17/2011 и 54/2011).
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.254/2009 од 15 септември 2010 година, објавена
во „Службен весник на Република Македонија“ бр.127/2010.
I. Општи одредби
Член 1
Со овој закон се уредуваат условите и начинот на вршење на превоз на опасни материи во внатрешниот
и меѓународниот патен и железнички сообраќај, условите кои треба да ги исполнуват амбалажата и
превозните средства, должностите на лицата кои учествуваат во превозот на опасни материи,
назначување на советник за безбедност, оспособување на лицата кои учествуваат во превозот на
опасни материи, надлежностите на државните органи и надзор над спроведување на закон.
Исклучоци
Член 2
Одредбите од овој закон не се однесуваат на превозот на опасни материи со превозните средства на
Армијата на Република Македонија.
Одредбите од овој закон не се однесуваат на погонското гориво во резервоарот на превозното средство,
како и на другите опасни материи што служат за превозното средство, сместени во за тоа определени
садови хомологациски одобрени и кои претставуваат целина со превозното средство.
Примена
Член 3
За превоз на опасни материи, освен овој закон, се применуваат и одредбите од:
1) Европската спогодба за меѓународниот патен превоз на опасни материи (ADR);
2) Конвенцијата за меѓународни железнички превози (COTIF), чиј составен дел е правилникот за
меѓународниот превоз на опасни материи во железничкиот сообраќај (RID) и

  1. Законот за инспекциски надзор доколку со овој закон поинаку не е уредено.
    Значење на изразите
    Член 4
    Одделни поими употребени во овој закон го имаат следново значење:
  2. „Возило“ е секое превозно средство предвидено со прописите од членот 3 на овој закон (моторно
    возило, железнички вагон и друго);
  3. „Опасни материи“ се супстанции или производи за кои превозот е забранет или одобрен само под
    одредени околности во согласност со прописите од членот 3 на овој закон;
  4. „Подготвување на материите“ подразбира пакување, обележување и оформување на потребната
    документација за превоз на опасна материја;
  5. „EX/II“ е ознака за превозните средства наменети за превоз на опасни материи од класа 1;
  6. „EX/III“ е ознака за превозните средства наменети за превоз на опасни материи од класа 1, за кои
    се поставуваат построги критериуми од превозните средства означени со ознаката EX/II;
  7. „FL“ е ознака за превозните средства наменети за превоз на течности чија температура на палење е
    под 61°С (со исклучок на дизел горивото кое одговара на стандардите EN 590:2004, гасно масло и лесно
    масло за горење со индентификационен број UN 1202, со температура на палење како што е одредено
    со нормите EN 590:2004) или запаливи гасови во контејнерски резервоари, преносни резервоари или
    контејнери со волумен поголем од 3 м3, фиксни или доградени резервоари поголеми од 1 м3 или
    батериски возила со волумен на садовите поголем од 1 м3, кои се наменети за превоз на запаливи
    гасови;
  8. „OX“ е ознака за превозните средства наменети за превоз на водороден пероксид или водороден
    пероксид стабилизиран и растворен во вода со повеќе од 60% водороден пероксид (класа 5.1, UN број
    2015) и тоа во контејнерски резервоари или преносни резервоари со волумен поголем од 3 м3 , како и
    во фиксни или доградени резервоари со волумен поголем од 1 м3;
  9. „АТ“ е ознака за превозни средства наменети за превоз во контејнерски резервоари, преносни
    резервоари или MEGC-контејнери чиј волумен е поголем од 3 м3, во фиксни или доградени резервоари
    со волумен поголем од 1 м3 или во батериски возила со волумен на садовите поголем од 1 м3, а не
    припаѓаат во тип на возила FL;
    8-а) „МЕМU” е ознака на возило кое е во согласност со поимот Мобилна единица за изработка на
    експлозиви дефиниран во ADR.
  10. „EN“ е ознака за Европски стандарди;
  11. „Контејнер“ е транспортна направа со цврста конструкција која може повеќекратно да се користи
    за превоз на стоки;
    10-а. Одобрение е документ со кој се одобрува вршење на превоз на опасни материи во патниот
    сообраќај;
  12. „UN број“ е четвороцифрен број одреден од Обединетите нации за индентификација на опасните
    материи и
  13. „Амбалажа“ претставува сад заедно со други компоненти или материјали потребни за садот да ја
    извршува својата функција на чување на опасната материја во него.
    Другите поими употребени во овој закон го имаат истото значење како во прописите од членот 3 на овој
    закон.
    II. Опасни материи
    Член 5
    Опасните материи врз основа на своите карактеристики се делат на класи, и тоа:
    класа 1- експлозивни материи и предмети,
    класа 2 – гасови,
    класа 3 – запаливи течности,
    класа 4.1 – запаливи цврсти материи,
    класа 4.2 – самозапаливи материи,
    класа 4.3 – материи што во допир со водата развиваат запаливи гасови,
    класа 5.1 – оксидирачки материи,
    класа 5.2 – органски пероксиди,
    класа 6.1 – отрови,
    класа 6.2 – заразни материи,
    класа 7 – радиоактивни материи,
    класа 8 – корозивни (нагризувачки) материи и
    класа 9 – други опасни материи и производи.
    Експлозивни материи, предмети полнети со експлозивни материи, средства за палење, огнометни
    предмети и други предмети (во натамошниот текст: експлозивни материи) се цврсти и течни материи
    што имаат особина, под погодно надворешно дејство (удар, триење или топлина), со експлозивно
    хемиско разложување да ослободуваат енергија во форма на топлина или гасови.
    Збиени гасови, гасови претворени во течност и гасови растворени под притисок, смеси на еден или
    повеќе гасови со една или повеќе други материи, предмети полнети со гас и аеросоли (во натамошниот
    текст: гасови) се материи кои на 50° С имаат притисок на пареа повисок од 300 кPa (3 бари) или се во
    потполно гасовита состојба на температура од 20° С при стандарден притисок од 101,3 кPa.
    Запаливи течности се течности или смеси, од течности кои на температура од 50° С имаат притисок на
    пареа понизок од 300 кРа (3 бари), а тeмпература на палење пониска од 61° С.
    Запаливи цврсти материи се материи кои кога се во сува состојба можат лесно да се запалат при допир
    со пламен или искра, но не се самозапаливи.
    Самозапаливи материи се материи, кои се палат при допир со воздух без посредство на други материи.
    Материи кои при допир со вода развиваат запални гасови, се оние материи кај кои гасовите што се
    развиваат при допир со вода, се палат при допир со пламен или искра.
    Оксидирачки материи се материи кои со разлoжување ослободуваат кислород и притоа можат да
    предизвикаат запалување на други материи или производи.
    Органски пероксиди се органски материи кои можат да се сметаат како деривати на водороден пероксид
    при што едниот или двата водородни атоми се заменети со органски радикали.
    Отрови се материи кои внесени во организмот или во допир со организмот можат да го загрозат животот
    или здравјето на луѓето или животните.
    Заразни материи се материи кои содржат или се сомнева дека содржат патогени елементи. Патогените
    елементи се дефинираат како микроорганизми (бактерии, вируси, паразити, габи) и други агенси кои
    можат да предизвикаат заразни заболувања кај луѓето или животните.
    Радиоактивна материја e материја која содржи радионуклеиди каде што вредностите на специфичната
    активност и вкупната активност во пратката ги надминуваат граничните вредности дефинирани во
    главите 2.2.7.7.2.1 до 2.2.7.7.2.6. од ADR и RID.
    Корозивни (нагризувачки) материи се материи кои во допир со други материи и со живи организми
    предизвикуваат нивно оштетување или уништување, кои при допир со вода формираат корозивни
    течности и материи кои во контакт со влагата од воздухот формираат корозивни пареи.
    Други опасни материи се материи кои за време на превозот претставуваат опасност, а кои не можат да
    се распоредат во класите на опасни материи од 1 до 8 од ставот 1 на овој член (азбест, сув мраз,
    магнетни материјали и слично).
    Како опасни материи се сметаат и суровините од кои се произведуваат опасни материи и отпадоците,
    ако ги имаат карактеристиките на тие материи.
    Член 6
    Новооткриените опасни материи можат да се превезуваат ако ги исполнуваат условите што претходно
    врз основа на научно испитување, се утврдени како услови кои даваат полна сигурност при нивниот
    превоз.
    Член 7
    Носителот на правото на располагање, односно сопственикот е должен да ја обезбеди опасната материја
    од хаварија предизвикана од трети лица да не доведе до загрозување на здравјето, повреди и смрт на
    луѓе, оштетување или уништување на предмети или одговорност за штети предизвикани врз животната
    средина и природата, во текот на превозот.
    Одредбата на ставот 1 на овој член не се применува на малите количества опасни материи од членовите
    51 став 2 и 63 став 6 на овој закон.
    III. Услови за вршење на превоз на опасни материи
    Член 7-а
    Превоз на опасни материи во патниот сообраќај може да врши домашно правно или физичко лице (во
    натамошниот текст: превозник) кое поседува одобрение за вршење на превоз на опасни материи во
    патниот сообраќај (во натамошниот текст: одобрение).
    Одобрение од ставот 1 на овој член не е потребно доколку се врши превоз на опасни материи кои се
    дефинирани со точката 1.1.3 од ADR.
    Формата и содржината на образецот на одобрението од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот
    за транспорт и врски.
    Член 7-б
    Одобрението за вршење на превоз на опасни материи во патниот сообраќај го издава Министерството за
    транспорт и врски на барање на превозникот. Одобрението се издава со рок на важење од пет години.
    Превозникот е должен во рок од шест месеца пред истекот на важењето на одобрението да поднесе
    барање за издавање на ново одобрение.
    За издадените одобренија за превоз на опасни материи Министерството за транспорт и врски води
    регистар.
    Формата, содржината и начинот на водење на регистарот од ставот 4 на овој член ги пропишува
    министерот за транспорт и врски.
    Член 7-в
    Одобрението ги содржи следниве податоци: назив на органот што го издава, назив на превозникот,
    даночен број на превозникот, број на лиценцата за вршење на превоз на стока во внатрешниот или
    меѓународниот патен сообраќај и рок на важење, регистарски број и тип на возила, класи на опасните
    материи што може да се превезуваат со возилото, дата на издавање и потпис и печат на овластено лице.
    Податоците за регистарскиот број, типот на возила и класи на опасните материи што може да се
    превезуваат со возилата се дадени во прилог кој е составен дел на одобрението.
    Член 7-г
    Одобрение може да добие превозник ако ги исполнува следниве услови:
    1) да поседува лиценца за вршење на превоз на стока во внатрешниот и/или меѓународниот патен
    сообраќај;
    2) да е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за превоз на опасни материи кои ги
    исполнуваат условите од членот 63 на овој закон;
    3) да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила,
    минимум еден возач по возило кои поседуваат сертификат за стручно оспособување на возачите за
    превоз на опасни материи во патниот сообраќај соодветен за опасните материи и видот на возилото и
    4) да има назначено најмалку едно стручно оспособено лице – советник за безбедност за превоз на
    опасни материи кој поседува сертификат.
    Член 7-д
    Превозникот барањето за добивање на одобрението го поднесува до Министерството за транспорт и
    врски со точно наведување на бројот на моторните возила со кои ќе го врши превозот, податоци за
    бројот на приклучните возила и писмени докази за исполнување на условите од членот 7-г на овој
    закон.
    Одобрението се издава најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на комплетното барање за
    негово издавање.
    Доколку Министерството не издаде одобрение, односно не го одбие барањето за издавање на одобрение
    во рокот од ставот 2 на овој член, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена да
    поднесе барање до архивата на министерот за донесување на решение со кое ќе констатира дека
    барањето за издавање на одобрение е уважено.
    Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и
    врски.
    Министерот е должен во рок од пет работни дена од денот на поднесување на барањето од ставот 3 на
    овој член до писарницата на министерот да донесе решение со кое барањето за издавање на одобрение
    е уважено или одбиено. Доколку министерот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
    седиштето на надлежниот орган.
    Кон барањето за донесување на решение од ставот 3 на овој член, подносителот на барањето доставува
    и копија од барањето од ставот 1 на овој член.
    Доколку министерот не донесе решение во рокот од ставот 5 на овој член, подносителот на барањето
    може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена.
    Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето
    од ставот 7 на овој член да изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапката согласно со
    закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на
    барањето за преземените мерки.
    Инспекторот од Државниот управен инспекторат по извршениот надзор согласно со закон донесува
    решение со кое го задолжува министерот во рок од десет дена да одлучи по поднесеното барање,
    односно да го одобри или одбие барањето и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон
    известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање.
    Доколку министерот не одлучи во рокот од ставот 9 на овој член, инспекторот ќе поднесе барање за
    поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе се
    определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој министерот, односно градоначалникот на
    општината, односно градоначалникот на градот Скопје ќе одлучат по поднесеното барање за што во
    истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од
    актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена да го информира
    подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку министерот, односно градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот
    Скопје не одлучи и во дополнителниот рок од ставот 10 на овој член, инспекторот во рок од три работни
    дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител и во тој рок да го информира подносителот на
    барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 7 на овој член, подносителот на барањето
    во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до архивата на директорот на Државниот
    управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
    седиштето на Државниот управен инспекторат.
    Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа
    приговорот од ставот 12 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето
    од подносителот на барањето од ставот 7 и/или не поднесе пријава согласно со ставот 11 од овој член,
    директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе за поведување прекршочна постапка за
    инспекторот за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе се определи дополнителен
    рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена
    постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го
    информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот 13 на овој член, директорот на
    Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот
    и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Во случајот од ставот 14 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а
    најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
    Во случаите од ставот 15 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три
    работни дена го информира подносителот на барањето за превземените мерки.
    Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот 16 од овој член,
    подносителот на барањето може да поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител во рок од осум
    работни дена.
    Доколку министерот не одлучи во рок од ставот 9 на овој член, подносителот на барањето може да
    поведе управен спор пред Управниот суд.
    Постапката пред Управниот суд е итна.
    По објавување на подзаконскиот акт од ставот 4 на овој член во “Службен весник на Република
    Македонија” истиот се објавува на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.
    Начинот за издавање и одземање на одобрението за превоз на опасни материи во патниот сообраќај го
    пропишува министерот за транспорт и врски.
    Доколку превозникот не ги исполнува условите за добивање на одобрението, министерот за транспорт и
    врски ќе донесе решение со кое барањето ќе биде одбиено.
    Против решението на Министерството за транспорт и врски со кое барањето за издавање на лиценца се
    одбива може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на приемот на решението до Државната
    комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
    Член 7-ѓ
    Одобрението се издава на име на превозникот и не може да се пренесе на друг превозник.
    Превозникот е должен во рок од 15 дена за сите промени настанати во поглед на исполнувањето на
    условите за добивање на одобрението од членот 7-г на овој закон да го извести Министерството за
    транспорт и врски.
    Член 7-е
    Министерството за транспорт и врски ќе донесе решение за одземање на одобрението, ако:
  • превозникот доставил неточни податоци кои се потребни за издавање на одобрението,
  • утврди дека превозот се врши спротивно на издаденото одобрение и
  • превозникот престане да исполнува некој од условите пропишани за негово издавање од членот 7-г на
    овој закон.
    Примерок од решението со кое одобрението е одземено се доставува до Државниот инспекторат за
    транспорт, Царинската управа на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи,
    Министерството за здравство и Дирекцијата за радијациона сигурност.
    Против решението од ставот 1 на овој член може да се изјави жалба во рок од осум дена од денот на
    приемот на решението до Комисијата на Владата на Република Македонија за решавање на управни
    работи во втор степен од областа на транспорт и врски.
    Член 7-ж
    При извршувањето на превозот на опасни материи превозникот е должен во возилото да има оригинал
    или заверена копија на одобрението од нотар.
  1. АМБАЛАЖА
    1.1. Дозволена амбалажа
    Член 8
    Амбалажата во која се превезуваат опасни материи мора да ги исполнува барањата на прописите од
    членот 3 на овој закон.
    Амбалажата во која се превезуваат опасни материи мора да биде затворена и непропустлива, така што
    при превозот да го спречува секое губење или истурање на содржината.
    Опасната материја не смее да го нагризува материјалот од кој е изработена амбалажата или
    затворачите, ниту со нив да создава штетни или опасни соединенија.
    Член 9
    Ако опасните материи се превезуваат во садови од кршлив материјал или од неотпорна пластична маса,
    садовите мораат да се сместат во заштитна амбалажа и да се обезбедат со материјал за пополнување на
    празниот простор, заради спречување на кршење на садот при нормални услови на превозот.
    Материјалот за пополнување на празниот простор мора да биде приспособен кон природата на опасната
    материја, а особено мора да биде подобен да ја впие течната опасна материја или течноста што може да
    ја лачи опасната материја.
    Член 10
    Садовите за превоз на течна опасна материја или на опасна материја потопена во некоја течност и
    садовите за превоз на раствор на опасни материи, како и нивните затворачи, мораат да бидат такви да
    можат да го издржат внатрешниот притисок при промената на температурата што материите можат да ги
    постигнат при превозот, водејќи сметка за потребниот празен простор за ширење на течноста.
    Член 11
    Садовите за превоз на опасна материја со волумен поголем од 200 литри мораат да бидат изработени од
    челичен лим или од друг соодветен материјал.
    Ако садовите за превоз на опасна течна материја се изработени од кршлив материјал и се пакувани во
    група, вкупната маса на тие садови наполнети со опасната течна материја не смее да биде поголема од
    75 кг, а ако садовите се изработени од материјал кој не е кршлив и пакуван во група, вкупната маса на
    тие садови заедно со опасната течна материја, не смее да биде поголема од 150 кг.
    1.2 Одобрување на амбалажата
    Член 12
    Испитување и издавање на сертификат за сообразност за амбалажа може да вршат правни лица кои
    располагаат со соодветна техничка опрема, уреди и минимум три лица вработени во редовен работен
    однос со високо образование од областа на техничките науки, овластени од министерот за внатрешни
    работи или од министерот за здравство или Дирекцијата за радијациона сигурност во чија надлежност е
    превозот на соодветната опасна материја.
    Поблиските услови во поглед на техничката опрема и уреди со кои треба да располагаат правните лица
    од ставот 1 на овој член, ги пропишува министерот за внатрешни работи во согласност со министерот за
    здравство во чија надлежност е превозот на соодветната опасна материја.
    Амбалажата одобрена од надлежните органи на друга земја се смета како амбалажа испитана и
    одобрена, согласно со прописите од членот 3 на овој закон.
    Член 13
    Шишињата во кои се сместени опасните материи, при превозот се ставаат во пакети во вертикална
    положба, а шишињата со гасови во вертикална или хоризонтална положба.
    Ниските шишиња со пречник поголем од 30 см во кои е сместен течен нафтен гас може да се пакуваат и
    да се превезуваат без палети.
    Ако шишињата се пакувани или сместени во палети во хоризонтална положба мораат да бидат
    обезбедени од тркалање или поместување, ако се пакувани, односно сместени во палети во вертикална
    положба или во широки шишиња без палети, мораат да бидат обезбедени од превртување.
    1.3. Означување на амбалажата
    Член 14
    Амбалажата во која се превезуваат опасни материи мора да биде на видливо место означена со
    соодветни налепници за опасност согласно со прописите од членот 3 на овој закон.
    Амбалажата изработена од кршлив материјал мора да биде означена со налепници кои ја означуваат
    нејзината кршливост, а по потреба и нејзината положба при превозот.
    Член 15
    Празната и неисчистена амбалажа во која се наоѓала опасната материја мора да биде затворена и
    означена на ист начин како да е наполнета со опасна материја.
  2. ОБУКА НА ЛИЦА ВКЛУЧЕНИ ВО ПРЕВОЗОТ НА ОПАСНИ
    МАТЕРИИ
    2.1 Општо
    Член 16
    Со опасни материи можат да ракуваат само полнолетни лица кои се стручно оспособени за тоа.
    Лицата кои не се стручно оспособени за ракување со опасни материи можат, ако претходно се
    запознаени со начинот на работа, со опасностите и со заштитните мерки при работата само да вршат
    пренос, натовар, истовар или претовар на опасните материи и тоа под раководство и надзор на стручно
    оспособено лице за ракување со опасни материи.
    2.2. Советник за безбедност
    Член 17
    Правните или физичките лица кои превезуваат, примаат или предаваат на превоз опасни материи
    мораат да назначат најмалку едно стручно оспособено лице – советник за безбедност при превоз на
    опасните материи, кој е одговорен за спречување на ризиците кои можат да настанат при превозот на
    опасните материи.
    Советникот за безбедност при превоз на опасните материи треба да поседува сертификат за стручно
    оспособување, важечки за видот на транспортот за кој се однесува .
    Сертификатот од ставот 2 на овој член го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на
    положен испит за советник за безбедност при превоз на опасните материи по спроведена обука за
    стручно оспособување.
    Стручно оспособување на кандидатите за советници за безбедност при превоз на опасните материи и
    одржување на курсот за повторна проверка на знаењето, вршат правни лица овластени од министерот
    за транспорт и врски во согласност со министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, кои
    располагаат со:
    1) простор опремен за одржување на обука;
    2) информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;
    3) стручна литература наменета за обука и
    4) минимум пет лица вработени во редовен работен однос со високо образование (сообраќаен,
    машински, електротехнички, природно математички – отсек хемија или физика, технолошки или правен
    факултет) со најмалку пет години работно искуство од областа на транспортот на опасните материи.
    Овластувањето од ставот 4 на овој член се издава со важност од најмногу пет години.
    Испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи се полага пред комисија формирана
    од министерот за транспорт и врски според програмата за обука.
    За член на испитната комисија мора да се именува само компетентно лице со работно искуство во
    областа на превозот на опасните материи.
    Членовите на комисијата за својата работа добиваат надоместок.
    На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение за положен испит за советник за
    безбедност при превоз на опасните материи.
    Министерството за транспорт и врски води евиденција за сите стручно оспособени советници за
    безбедност при превоз на опасните материи.
    Кандидатот за полагање на испит плаќа надоместок.
    Висината на надоместокот за полагање на испитот треба да биде во рамките на направените реални
    трошоци за обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитна комисија и друго.
    Висината на надоместокот за полагање на испитот ја утврдува правното лице од ставот 4 на овој член,
    по претходна согласност на министерот за транспорт и врски.
    Поблиските прописи за должностите и одговорностите на советникот за безбедност при превоз на
    опасните материи, стручното оспособување на советникот за безбедност при превоз на опасните
    материи, поблиските услови што мора да ги исполнат правните лица кои вршат стручно оспособување,
    начинот на спроведувањето на стручните испити, програмите за обука, начин на водење на евиденција,
    содржината и формата на обрасците на сертификатот и уверението за стручно оспособување на
    советникот за безбедност, бројот, составот и начинот на работа на испитните комисии, ги пропишува
    министерот за транспорт и врски во согласност со министерот за внатрешни работи и министерот за
    здравство.
    Член 18
    Сертификатот за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи важи
    пет години од денот на издавањето на уверението за положен испит за советник за безбедност при
    превоз на опасните материи и ќе се продолжи за следните пет години само доколку во последната
    година пред неговото истекување, советникот присуствувал на курс за проверка на знаењето и покажал
    успех при повторната проверка.
    Сертификат за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи
    издаден од овластени органи на други земји потписници на ADR и RID е важечки и во Република
    Македонија ако е издаден во согласност со одредбите на ADR и RID .
    Советник за безбедност при превоз на опасните материи може да биде лице вработено кај правното или
    физичкото лице од кое е назначен, или лице кое не е вработено под услов да е стручно оспособено да
    може да ги исполнува обврските на советник. Советникот за безбедност при превоз на опасни материи
    може да биде советник за најмногу два деловни објекта (правно и/или физичко лице).
    Правните или физичките лица од членот 17 став 1 на овој закон до Министерството за транспорт и врски
    се должни да ги достават податоците за советникот за безбедност при превоз на опасните материи кој го
    имаат назначено.
    За секоја промена на идентитетот на советникот за безбедност при превоз на опасните материи
    правното или физичкото лице од членот 17 став 1 на овој закон мора веднаш да го извести
    Министерството за транспорт и врски.
    Член 19
    Советникот за безбедност при превоз на опасни материи треба да ги преземе сите неопходни дејства за
    спречување на последиците кои можат да настанат од нестручно ракување со опасните материи.
    Во однос на активностите за правното или физичкото лице од кое е назначен советникот за безбедност
    ги има следниве должности :
    1) контрола на придржување на прописите кои се однесуваат на превозот на опасните материи;
    2) советување на правното или физичкото лице од кое е назначен за превозот на опасните материи;
    3) обучување на лицата кои манипулираат со опасни материи;
    4) водење на евиденција на сите оспособени лица кои имаат активности при превоз на опасни материи;
    5) применување на соодветни безбедносни постапки во случај на незгоди и воведување на соодветни
    мерки за избегнување на повторна појава на незгоди или сериозни прекршоци;
    6) изготвување на извештаи за незгоди или сериозни прекршоци при превозот на опасни материи и
    7) изготвување на редовни годишни извештаи за активности на правното или физичкото лице од кое е
    назначен .
    Годишните извештаи од ставот 2 точка 7 на овој член правното или физичкото лице треба да ги чува пет
    години, сметајки од денот на нивното изготвување и да ги достави на надлежните органи по нивно
    барање.
    2.3 Возачи за превоз на опасни материи
    Член 20
    Превоз на опасни материи во патниот сообраќај можат да вршат само возачи кои се стручно оспособени
    за таков вид на превоз и кои наполниле 21 година.
    Возачите кои превезуваат опасни материи мора да имаат сертификат за стручна оспособеност на
    возачите на моторните возила за превоз на опасни материи соодветен за опасните материи и видот на
    возилото.
    Сертификатот од ставот 2 на овој член го издава Министерството за транспорт и врски врз основа на
    положен испит за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи по
    спроведена обука за стручно оспособување.
    Стручно оспособување на возачите за превоз на опасни материи, како и одржување на курс за проверка
    на знаењето, вршат правни лица овластени од министерот за транспорт и врски во согласност со
    министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, кои располагаат со:
    1) простор опремен за одржување на обука;
    2) информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;
    3) стручна литература наменета за обука и
    4) минимум пет лица вработени во редовен работен однос со високо образование (сообраќаен,
    машински, електротехнички, правен, природно математички – отсек хемија или физика или технолошки
    факултет) со најмалку пет години работно искуство од областа на транспортот на опасни материи.
    Овластувањето од ставот 4 на овој член се издава со важност од најмногу пет години.
    Испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се полага
    пред комисија формирана од министерот за транспорт и врски според програмата за обука.
    За член на испитната комисија мора да се именува само компетентно лице со работно искуство во
    областа на превозот на опасни материи.
    Членовите на комисијата за својата работа добиваат надоместок.
    На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение за положен испит за стручна
    оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи соодветно за опасни материи
    и видот на возилото.
    Министерството за транспорт и врски води евиденција за сите стручно оспособени возачи на моторни
    возила за превоз на опасни материи.
    Кандидатот за полагање на испит плаќа надоместок.
    Висината на надоместокот за полагање на испит треба да биде во рамките на направените реални
    трошоци за: обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитна комисија и друго.
    Висината на надоместокот за полагање на испитот ja утврдува правното лице од ставот 4 на овој член по
    претходна согласност на министерот за транспорт и врски.
    Поблиските прописи за должностите и одговорностите на возачите за превоз на опасни материи,
    стручното оспособување на возачите за превоз на опасни материи, поблиските услови што мора да ги
    исполнат правните лица кои вршат стручно оспособување, начинот на спроведувањето на стручните
    испити, програмите за обука, начинот на водење на евиденцијата, содржината и формата на обрасците
    на сертификатот и уверението за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на
    опасни материи, бројот, составот и начинот на работа на испитните комисии, ги пропишува министерот
    за транспорт и врски во согласност со министерот за внатрешни работи и министерот за здравство.
    Член 21
    Сертификатот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи
    важи пет години од денот на издавањето на уверението за положен испит за стручна оспособеност на
    возачите на моторни возила за превоз на опасни материи и ќе се продолжи за следните пет години само
    доколку во последната година пред неговото истекување, возачот присуствувал на курс за проверка на
    знаењето и покажал успех при повторна проверка.
  3. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРЕВОЗ
    Член 22
    При извршувањето на внатрешниот и меѓународниот превоз на опасни материи превозникот мора во
    возилото да поседува уредно пополнет товарен лист и писмени инструкции за опасната материја која се
    превезува.
    Член 23
    Товарниот лист за превоз на опасна материја мора да содржи:
    1) податоци за видот на опасната материја (хемиски, технички и трговски назив на опасната материја,
    класа во која спаѓа и споредните опасности од таа опасна материја, како и идентификационен број од
    соодветната меѓународна спогодба кога тој е утврден, на кој му претходат буквите UN);
    2) податоци за количеството на опасната материја (бруто и нето маса, број на колети и друго);
    3) назив, односно лично име, адреса и број на телефон на испраќачот и на примачот и
    4) потпис и печат на испраќачот со кои потврдува дека се исполнети условите за превоз на опасни
    материи.
    Член 24
    Товарниот лист за превоз на опасна материја што се упатува во странство, мора да биде напишан на
    македонски јазик и англиски, француски, руски или германски јазик.
    Член 25
    Писмените инструкции од членот 22 на овој закон ги обезбедува превозникот и истите содржат:
    1) инструкции кои треба да ги преземат членовите на екипажот на возилото во случај на инцидент или
    итен случај кој може да
    се појави за време на превозот на опасната материја;
    2) упатство за членовите на екипажот на возилото за карактеристиките на опасните материи по класи и
    постапките во врска со настанатите околности и
    3) опрема за лична и општа заштита за спроведување на општи, специфични и итни постапки кои треба
    да се преземат во зависност од видот на опасностите, кои треба да се носат во возилото согласно со
    точката 8.1.5 од ADR.
    Министерот за транспорт и врски поблиску ја пропишува содржината на писмените инструкции и
    формата во која истите ќе бидат внесени.
  4. ПОСТАПКИ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ
    Член 26
    Натовар или истовар на опасни материи или други постапки во врска со натоварот или истоварот
    (наточување, претовар, преточување, источување, чување) можат да се вршат само на посебно
    определени и заградени места на кои не се загрозуваат животот и здравјето на луѓето, животната
    средина и природата или материјалните добра, односно безбедноста на сообраќајот.
    Местото на кое се врши натоварот или истоварот на опасните материи мора да биде снабдено со
    пропишаните уреди и опрема и на видливо место означено со соодветни ознаки за опасност.
    Местата на кои се врши натоварот или истоварот на возила – цистерни од членот 69 ставови 4 и 5 на
    овој закон треба да бидат опремени со опрема за натовар или истовар која ќе спречи емисија на
    испарливите органски соединенија во атмосферата.
    Член 27
    Министерството за внатрешни работи во согласност со Министерството за здравство, Министерството за
    транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање и Дирекцијата за
    радијациона сигурност ќе определи посебно место во складовите на правните или физичките лица во
    кои ќе се врши натовар, прием, предавање и истовар на опасните материи.
    Член 28
    На местото на кое се врши натовар или истовар на опасни материи им е забранет пристап на лица кои не
    се обучени за постапки со опасни материи, како и на лица кои непосредно не учествуваат при натоварот
    или истоварот на тие материи.
    Член 29
    На местото на кое се врши натовар или истовар на експлозивни материи или на запаливи опасни
    материи, забрането е:
    1) држење на материи и уреди што можат да предизвикуваат пожар или да овозможуваат негово
    ширење;
    2) држење на отворен пламен или работа со отворен пламен;
    3) пушење и употреба на средства за палење;
    4) употреба на мобилни телефони;
    5) работа со алат или уред кој искри;
    6) поставување на надземни електрични водови без оглед на напонот и
    7) работа на мотор на возило, освен ако при натоварот или истоварот се користи опрема придвижувана
    од самиот мотор кој е опремен со фаќач на искри.
    Член 30
    Натовар и истовар на опасни материи се врши, по правило, дење.
    Ако натоварот или истоварот на опасните материи се врши ноќе осветлувањето на местото на натоварот
    или истоварот мора да биде електрично, а електричните уреди да бидат изработени така што да не
    можат да предизвикаат пожар или експлозија.
    Член 31
    Уредите за натовар и истовар на опасни материи мораат да бидат исправни, така што да е исклучена
    секоја можност на протечување, односно истечување или истурање на опасната материја и изведени на
    начин со кој не се оштетува амбалажата на опасната материја.
    Член 32
    Местото на кое се врши натовар или истовар на експлозивни материи, гасови или запаливи опасни
    материи мора да биде снабдено со апарати или со други уреди за гаснење на пожар.
    Член 33
    Затворениот простор во кој се врши натовар или истовар на опасни материи што развиваат гасови или
    натовар или истовар на радиоактивни материи мора да биде снабден најмалку со еден апарат за мерење
    на концентрацијата на гасовите во воздухот, односно на радиоактивноста во тој простор.
    Апаратите за мерење на концентрацијата на гасовите, односно на радиоактивноста мораат редовно да
    се прегледуваат, баждарат и калибрираат .
    Член 34
    Правни или физички лица кои вршат натовар или истовар на опасни материи се должни да ја
    контролираат исправноста на уредите и електричните инсталации на местата на кои се врши натоварот
    или истоварот на опасните материи, да организираат физичко обезбедување на тие места и да се грижат
    за исправноста на техничката опрема и на другите средства за гаснење на пожари.
    Член 35
    Цистерните и другите превозни средства со кои се превезува запалива течност чија температура на
    палење е пониска од 61°С, запалив гас во садови што се полнат на возилата или со која се превезува
    друга запалива материја чија температура на палење е повисока од 61°С – ако од технолошки причини
    при манипулацијата таа материја мора да се загрее на температура повисока од четири петтини од
    нејзината температура на палење, како и возилата во кои се превезуваат опасните материи од класите
    1, 4.1, 4.2, 5.1 и 5.2 мораат за време на натоварот или истоварот на тие материи да бидат заземјени, а
    издувната цевка на моторот мора да биде опремена со фаќач на искри.
    За време на натоварот, истоварот или претоварот на течности или гасови од ставот 1 на овој член,
    работата на моторот и на уредите за загревање на кабината на превозното средство мора да биде
    запрена, освен ако моторот на превозното средство се користи за погон на пумпа или на други уреди за
    натовар или истовар.
    IV. Превоз на опасни материи
    Член 36
    Правни или физички лица кои предаваат на превоз, примаат или ја превезуваат опасната материја со
    сопствени превозни средства се должни опасната материја да ја подготват на начин да ги исполнува
    сите пропишани услови за нејзиниот превоз согласно со прописите од членот 3 на овој закон.
    Член 37
    Од безбедносни причини или заштита на здравјето на луѓето, животната средина и природата,
    министерот за транспорт и врски, министерот за внатрешни работи, министерот за здравство, министерот
    за животна средина и просторно планирање и директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност
    можат да забранат превоз на одделни видови на опасни материи за кои истите се надлежни, преку
    определени подрачја, да наложат определен вид на опасни материи да се превезува само со определени
    превозни средства, како и други видови на ограничувања за што се известува Владата на Република
    Македонија.
    Забраната од ставот 1 на овој член се објавува во средствата за јавно информирање.
    Член 38
    Опасните материи не смеат да се предаваат ниту да се примаат на превоз како багаж.
    По исклучок од одредбата на ставот 1 од овој член во багаж можат да се пренесуваат апарати, направи
    и други слични предмети што содржат минимални количества опасна материја кои не претставуваат
    опасност по околината, а служат за лична употреба (запалки, кибрити, лакови и слично).
    V. Должности и одговорности на лицата вклучени во превозот на
    опасни материи
    Член 39
    Ако во текот на превозот превозникот или лицето кое управува со превозното средство со кое се
    превезува опасна материја утврди или на друг начин дознае дека превезува опасна материја чијшто
    превоз е забранет, е должен веднаш да го запре натамошното превезување на опасната материја и за
    тоа да ја извести најблиската полициска станица и испраќачот на опасната материја.
    Испраќачот на опасната материја од ставот 1 на овој член е должен веднаш по применото известување
    за запирање на превозот да ја преземе опасната материја и да преземе соодветни мерки да не дојде до
    загрозување на здравјето на луѓето, животната средина, природата, материјалните добра и безбедноста
    во сообраќајот.
    Член 40
    Превозникот или лицето кое управува со превозното средство со кое се превезува опасната материја,
    ако во текот на превозот утврди дека превезува опасна материја која не ги исполнува условите
    пропишани за превоз или која не е декларирана како опасна материја или е неточно декларирана, е
    должен да го запре натамошното превезување на опасната материја и за тоа да го извести испраќачот.
    Испраќачот на опасната материја од ставот 1 на овој член е должен веднаш по применото известување
    за запирање на превозот да ги отстрани утврдените недостатоци или да ја преземе опасната материја.
    VI. Посебни мерки за безбедност за превозот на определени видови
    опасни материи
  5. ЕКСПЛОЗИВНИ МАТЕРИИ
    Член 41
    Натоварот или истоварот на експлозивните материи надвор од кругот на правните лица што ги
    произведуваат тие материи или што ги држат за својата редовна дејност, може да се врши само на места
    што ќе ги определи Министерството за внатрешни работи.
    Член 42
    За внатрешниот и меѓународниот превоз на експлозивни материи потребнo е одобрение.
    Одобрението од ставот 1 на овој член го издава Министерството за внатрешни работи.
    Формата, содржината и начинот на поднесување на барањето за одобрението од ставот 1 на овој член ги
    пропишува министерот за внатрешни работи во согласност со министерот за транспорт и врски.
    Член 43
    Барањето за издавањето на одобрение за увоз, извоз или внатрешен превоз на експлозивните материи,
    го поднесува испраќачот или примачот на експлозивната материја, регистриран во Република
    Македонија за промет со експлозивни материи. Ако експлозивните материи транзитираат преку
    територијата на Република Македонија, барањето за издавањето на одобрение за превоз може да биде
    поднесено и од превозникот или шпедитерот.
    За превоз на експлозивни материи во патниот сообраќај превозникот мора да поседува сертификат за
    стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на опасни материи, кој важи за превоз
    на експлозивни материи и сертификат за возилото дека ги исполнува условите за превоз на експлозивни
    материи согласно со одредбите од ADR.
    Член 44
    Министерството за внатрешни работи може, по потреба, да нареди преземање на посебни мерки за
    безбедност при превозот на определена експлозивна материја (правец на движењето, придружба на
    испраќачот или на превозникот, полициска придружба и друго).
    Трошоците на посебните мерки за безбедност од ставот 1 на овој член, во внатрешниот превоз на
    експлозивни материи, ги поднесува испраќачот на експлозивната материја, а при увоз, извоз или
    транзит на експлозивните материи , ги поднесува превозникот.
    Член 45
    Ако е договорен увоз или извоз на поголемо количество експлозивни материи, што не можат да се
    превезат преку границата на Република Македонија со едно превозно средство ниту истовремено со
    повеќе превозни средства, одобрение за превоз може да се издаде за целото количество експлозивни
    материи. Во тој случај превозот на целото количество експлозивни материи мора да се изврши преку
    истиот граничен премин и во рок кој не може да биде подолг од три месеца.
    Царинскиот орган на граничниот премин води евиденција за секоја превезена пратка од ставот 1 на овој
    член.
    Член 46
    Експлозивни материи и средства за нивно иницирање не смеат заедно да се превезуваат во истиот
    простор на превозното средство.
    Одредбата од ставот 1 на овој член нема да се применува на превозот на предмети наполнети со
    експлозивни материи кај кои средствата за палење се вградени во текот на производството (муниција,
    противградни ракети, стопанска муниција и друго), како ни на заедничкиот превоз на експлозив до 50
    кг (освен експлозивот со ознака 9а и 10а од ADR и RID, потребните количества детонаторски штапин за
    тој експлозив и најмногу 200 запалки, под услов запалките да се наоѓаат во оригинално пакување и
    експлозивот да е одвоен од детонаторите).
    Не е дозволено експлозивните материи да се превезуваат во кабината на возачот и во просторот на
    превозното средство во кој се превезуваат лица.
    Член 47
    Правните или физичките лица што превезуваат експлозивни материи, се должни за секое исчезнато
    количество на експлозивни материи при превозот, веднаш да ја известат најблиската полициска
    станица.
  6. ГАСОВИ
    Член 48
    Садовите што се наменети за превоз на определен гас можат да се полнат и со друг вид на гас, под
    услов најмалиот пробен притисок за тој гас да не биде поголем од пробниот притисок за кој е испитан
    садот и називот на гасот и најголемата дозволена тежина на полнењето да бидат запишани на садот
    земајќи ги притоа предвид соодветните мерки за безбедност што ги бараат својствата на гасот.
    Член 49
    Садовите во кои се превезуваат гасови мораат да бидат снабдени со исправни вентили. Вентилите на
    тие садови мораат да бидат заштитени со заштитна капа или со заштитен прстен и херметички затворени
    за време на превозот.
    Член 50
    Превозот на садови со гасови се врши, по правило, со отворено превозно средство на кое товарот мора
    да биде заштитен од штетни атмосферски влијанија, освен садовите што се изработени од материјал
    отпорен на атмосферски влијанија.
    Превоз на садови со гасови може да се врши и со затворено превозно средство, ако е снабдено со
    вентилационен уред или е овозможено постојано проветрување.
  7. ОТРОВНИ И ЗАРАЗНИ МАТЕРИИ
    Член 51
    За внатрешниот и меѓународниот превоз на отровни или заразни материи потребно е одобрение што го
    издава Министерството за здравство во согласност со Министерството за внатрешни работи.
    По исклучок, помали количества на отровни или заразни материи наменети за лабораториски и научни
    цели можат да се превезуваат без одобрението од ставот 1 на овој член.
    Министерот за здравство пропишува кои количества се сметаат како помало количество наменето за
    лабораториски и научни цели.
    Отровните или заразните материи не смеат да се превезуваат во ист товарен простор со животни
    прехранбени производи, добиточна храна, лекови и предмети за општа употреба што подлежат на
    здравствен надзор.
    Формата, содржината и начинот на поднесување на барањето за одобрението од ставот 1 на овој член ги
    пропишува министерот за здравство во согласност со министерот за транспорт и врски.
    Член 52
    Органите од членот 51 став 1 на овој закон можат, по потреба, да наредат преземање и на посебни
    мерки за безбедност при превозот на определена материја (правец на движењето, придружба на
    испраќачот или на превозникот, на полицијата или на државниот санитарен и здравствен инспектор).
    Составот, задачите и опремата на екипата која претставува техничка придружба на испраќачот или на
    превозникот при превозот на отровни или заразни материи ги пропишува министерот за здравство.
    Член 53
    Барањето за издавањето на одобрение за увоз, извоз или внатрешен превоз на отровни или заразни
    материи, го поднесува испраќачот или примачот на отровната или заразната материја, регистриран во
    Република Македонија за промет со отровни или заразни материи. Ако отровните или заразните материи
    транзитираат преку територијата на Република Македонија, барањето за издавање на одобрение за
    превоз може да биде поднесено и од превозникот или шпедитерот.
    За превоз на отровни или заразни материи во патниот сообраќај превозникот мора да поседува
    сертификат за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи, кој
    важи за превоз на отровни или заразни материи и сертификат за возилото дека ги исполнува условите
    за превоз на отровни или заразни материи согласно со одредбите од ADR.
    Член 54
    Ако во текот на превозот дојде до истурање или исчезнување на отровната или заразната материја,
    превозникот е должен на видлив начин да го означи местото на кое дошло до истурање на отровната
    или заразната материја, да го спречи пристапот на луѓе и животни до тоа место и веднаш да го извести
    Државниот санитарен и здравствен инспекторат или најблиската полициска станица.
  8. РАДИОАКТИВНИ МАТЕРИИ
    Член 55
    Радиоактивни материи можат да се пакуваат и да се превезуваат само во амбалажа наменета за
    определен вид радиоактивни материи, зависно од големината и јачината на изворот, агрегатната
    состојба и другите својства на радиоактивната материја.
    Дозата на зрачењето на површината на амбалажата и на определено растојание од амбалажата и нивото
    на контаминација на површината на амбалажата не смеат да бидат поголеми од износите определени за
    односниот тип и категорија на пакувањето предвидени со прописите за заштитата од јонизирачки
    зрачења и прописите од членот 3 на овој закон.
    Член 56
    Ако радиоактивната материја е истовремено и отровна, експлозивна или запалива, при подготвувањето
    на таквата радиоактивна материја за превоз и за време на превозот мораат да се преземат мерките за
    безбедност пропишани за секој од наведените видови опасности.
    Член 57
    Радиоактивни материи не смеат да се превезуваат во ист товарен простор со животни прехранбени
    производи, со предмети за општа употреба што подлежат на здравствен надзор, со лекови и со
    добиточна храна.
    Член 58
    За внатрешниот и меѓународниот превоз на радиоактивни материи е потребна дозвола.
    Дозволата од ставот 1 на овој член ја издава Дирекцијата за радијациона сигурност во согласност со
    Министерството за внатрешни работи.
    Органите од ставот 2 на овој член можат, по потреба, да наредат преземање и на посебни мерки за
    безбедност при превозот на определена радиоактивна материја (правец на движењето, придружба на
    испраќачот или на превозникот, придружба на полиција и друго).
    Трошоците за посебните мерки за безбедност од ставот 3 на овој член во внатрешниот превоз на
    радиоактивни материи ги поднесува испраќачот на радиоактивната материја, а при увоз, извоз или
    транзит на радиоактивна материја ги поднесува превозникот.
    Формата, содржината и начинот на поднесување на барањето за дозволата од ставот 1 на овој член ги
    пропишува директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност по претходна согласност од министерот
    за транспорт и врски.
    Член 59
    На правни лица чија дејност е врзана за користење на радиоактивна материја може да им се издаде
    дозвола за повеќекратен превоз на таа материја врз основа на дозволата за работа издадена од
    Дирекцијата за радијациона сигурност.
    Во дозволата од ставот 1 на овој член мора да се назначи количеството на радиоактивната материја,
    односно бројот на изворите на јонизирачко зрачење и нивната вкупна активност што можат заедно да се
    превезуваат со определено превозно средство.
    Правните или физичките лица се должни најдоцна 24 часа пред почетокот на превозот на
    радиоактивната материја, до Дирекцијата за радијациона сигурност да достават известување кое
    содржи:
    1) вид и број на регистрација на превозното средство со кое ќе се изврши превозот на радиоактивната
    материја;
    2) број и датум на издадена дозвола за превоз;
    3) вид и количество на радиоактивната материја, односно број на изворите и нивната вкупна активност;
    4) лични податоци за лицата кои ќе го извршат превозот на радиоактивната материја;
    5) време и место на почетокот на превозот на радиоактивната материја;
    6) итинерер на движењето на превозното средство и
    7) време на доаѓањето на превозното средства со радиоактивна материја во местото на користење и
    име, односно назив и адреса на корисникот.
    Член 60
    Барањето за издавање на дозвола за увоз, извоз или внатрешен превоз на радиоактивни материи го
    поднесува испраќачот или примачот на радиоактивната материја, регистриран во Република Македонија
    за промет со радиоактивни материи. Ако радиоактивните материи транзитираат преку територијата на
    Република Македонија, барањето за издавање на дозвола за превоз може да биде поднесено и од
    превозникот или шпедитерот.
    За превоз на радиоактивни материи во патниот сообраќај превозникот мора да поседува сертификат за
    стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на опасни материи кој важи за превоз
    на радиоактивни материи и сертификат за возилото дека ги исполнува условите за превоз на
    радиоактивни материи согласно со одредбите од ADR.
    Член 61
    Радиоактивните материи кои во случај на незгода или несреќа можат да доведат до загадување или до
    загрозување на животната средина со зрачење, се превезуваат со придружба на лице оспособено за
    ракување со тие материи.
    Член 62
    Ако во текот на превозот дојде до истурање или исчезнување на радиоактивната материја, превозникот
    е должен на видлив начин да го означи местото на кое дошло до истурање на радиоактивната материја,
    да го спречи пристапот на луѓе и животни до тоа место и веднаш да ги извести најблиската полициска
    станица и Дирекцијата за радијациона сигурност.
    VII. ПОСЕБНИ МЕРКИ НА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПРЕВОЗОТ НА ОПАСНИ
    МАТЕРИИ, ПО ГРАНКИ НА СООБРАЌАЈОТ
  9. ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ
    Член 63
    Опасни материи можат да се превезуваат со моторни и приклучни возила посебно конструирани за
    превоз на одделни видови опасни материи или со возила што одговараат на условите пропишани со овој
    закон и со прописот од членот 3 точка 1 на овој закон.
    Возилата со ознаки “EX/II”, “EX/III”, “FL”, “OX”, “АТ” и “MEMU“ мора да имаат уверение за испитано
    возило, како и валиден сертификат за исправност за возилото за превоз на опасни материи издадени од
    овластено правно лице согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
    Испитувањето на возила и издавањето на уверение и сертификат од ставот 2 на овој член ги врши
    овластено правно лице за соодветната класа на опасна материја што се превезува.
    Сертификатот за исправност на возилата за превоз на определени опасни материи се издава на образец
    пропишан во прописот од членот 3 точка 1 на овој закон.
    Во внатрешниот патен сообраќај опасни материи можат да се превезуваат и со комби – возила, чиј
    простор за натовар на стоки е одвоен од просторот за патници со постојана фиксирана преграда.
    По исклучок од одредбите на ставовите 1 и 5 од овој член пренос, разнесување или доставување дење и
    тоа за време на добра видливост на помали количества опасни материи дефинирани во прописот од
    членот 3 точка 1 на овој закон, освен радиоактивни, може да се врши и со патнички автомобили, со
    трактор со приколка, запрежно возило, товарен трицикл со мотор или без мотор, со рачна количка или
    на товарен добиток.
    Радиоактивни материи можат да се превезуваат и со превозните средства од ставот 6 на овој член само
    ако возилото поседува уверение за возила на моторен погон за превоз на одреден вид на радиоактивни
    материи издадено од страна на овластена институција од ставот 3 на овој член.
    Количествата на опасни материи што можат да се превезуваат со возилата од ставот 6 на овој член ги
    пропишува министерот за здравство.
    Член 64
    На возилото натоварено со опасни материи не смеат да се вршат поправки кои, поради искрење или
    удар, можат да предизвикаат пожар или експлозија или да ја оштетат амбалажата.
    Во возилото со кое се превезуваат опасни материи не смеат да се држат материи кои можат да
    предизвикаат пожар.
    Член 65
    Возилата за превоз на опасни материи, запаливи гасови, односно запаливи течности со температурата
    на палење под 61° С треба да имаат уред за разелектризирање – одвод на статичкиот електрицитет, кој
    пред натоварот или истоварот на опасните материи треба да биде приклучен на заземјување.
    Возилата за превоз на опасни материи од класите 1 до 5.2 мора да бидат галвански поврзани во
    еднопотенцијална целина. Галванските врски и уредите за разелектризирање треба да се проверат пред
    натоварот, односно истоварот.
    Возилата за превоз на опасни материи од класите 1 до 5.2 мора да се опремат со уред за одвод на
    статичкиот електрицитет на коловозот и со две плочки за приклучување на заземјувањето на задниот
    дел на возилото (лево, десно).
    Возилата за превоз на опасни материи за кои тоа го бара прописот од членот 3 точка 1 на овој закон
    мораат да се опремат со соодветен прекинувач за исклучување на сите електрични кружни текови
    поставен надвор од кабината на возилото (директно приклучен може да биде само тахографот).
    1.1. Означување на возилата
    Член 66
    На возилото во кое се превезуваат опасни материи мора да бидат поставени две таблички за
    означување на возило со кое се превезуваат опасни материи.
    Ако се превезуваат опасни материи во рефус кои се од списокот на Табела А прилог 2 од прописот од
    членот 3 точка 1 на овој закон, на табличките од ставот 1 на овој член треба да се испишани
    индентификационите броеви и броевите за опасностите од опасната материја.
    На секое возило кое превезува опасни материи во рефус, освен таблички со индентификациони броеви
    и броеви за опасност, мора да има поставено и налепници согласно со прописот од членот 3 точка 1 на
    овој закон. За возила кои постојано превезуваат определена опасна материја, табличките и налепниците
    можат да се постават трајно.
    На возила кои се празни и прописно исчистени треба да се отстранат табличките и налепниците, а на
    превозните средства кои имаат трајно поставени таблички и налепници, тие треба да се покријат на
    соодветен начин.
    Табличките и налепниците со кои се означува возилото коешто превезува опасни материи мора да бидат
    изработени и поставени во согласност со прописот од членот 3 став 1 на овој закон.
    Одредбите од ставовите 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член се применуваат и кога со возилото се превезуваат
    празни и неисчистени садови во кои се наоѓала опасна материја.
    Член 67
    Ако опасни материи се превезуваат со превозните средства од членот 63 став 6 на овој закон, наместо
    знак за означување на возило со кое се превезуваат опасни материи може да се употреби знаменце со
    иста форма, димензии и бои, кое на превозното средство мора да биде истакнато на видливо место.
    Член 68
    Моторното и приклучното возило со кое се превезуваат експлозивни или радиоактивни материи во
    пакети мора да има и налепници за предупредување од главната и споредните опасности од опасните
    материи.
    Налепниците за предупредување за означување на возило со кое се превезуваат експлозивни или
    радиоактивни материи во пакети се ставаат на бочните страни и на задната страна на моторното и
    приклучното возило.
    1.2. Опрема на возилата
    Член 69
    Моторното возило со кое се превезуваат опасни материи мора да поседува опрема предвидена со
    општите прописи за безбедноста во сообраќајот и прописот од членот 3 точка 1 на овој закон.
    Во опремата од ставот 1 на овој член спаѓа:
    1) алат кој не искри и дигалка за возилото;
    2) најмалку два апарата за гаснење пожар, од кои еден за гаснење пожар на моторот, а друг за гаснење
    пожар на товарот на возилото и тоа со такво полнење кое, со оглед на количеството и другите својства
    на опасната материја, овозможува ефикасно гаснење на пожарот;
    3) две батериски ламби (светилки) со трепкава светлост со жолта или портокалова боја, кои се
    независни од електричната опрема на возилото, или два рефлектирачки конуси;
    4) два триаголника со кои се означува моторно возило запрено на коловозот;
    5) опрема за собирање на истурена опасна материја од возилото (вреќа песок, лопата која не
    предизвикува искрење, метла, канта и друго) и
    6) две знаменца за означување на возило со кое се превезуваат опасни материи.
    Покрај опремата од ставот 2 точки 1 до 5 на овој член, во моторното возило со кое се превезуваат
    радиоактивни материи мора да има и уред/инструмент за мерење на интензитетот на радиоактивното
    зрачење.
    Возилата – цистерни кои превезуваат бензини и/или органски растворувачи (опасни материи кои
    предизвикуваат емисии на испарливо органско соединение) треба да се проектирани и да исполнуваат
    пропишани спецификации за да функционираат така што остатокот од испарувањата останува во
    цистерната по истоварот, како и да ги прифатат и задржат повратните испарувања од инсталациите за
    складирање во бензиските станици или терминалите.
    Спецификациите од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за транспорт и врски.
    Член 70
    Ако опасни материи се превезуваат со приклучно возило кое има една единечна оска со еднократни
    тркала, приклучното возило мора да има посебен уред кој, со помошта на звучен или светлосен сигнал,
    го предупредува возачот ако почне да опаѓа притисокот на воздухот во пневматикот повеќе од 20% на
    кое и да било тркало на приклучното возило.
    Приклучното возило со кое се превезуваат опасни материи, ако не е снабдено со систем за автоматско
    сопирање при откачувањето од влечното возило, мора да биде врзано за влечното возило и снабдено со
    синџири.
    1.3. Опрема за возачите
    Член 71
    Возачите на возилата со кои се превезуваат опасни материи мора да бидат снабдени со соодветна лична
    заштитна опрема.
    Минималната лична заштитна опрема која мора да ја поседуваат возачите се состои од следново:
    1) заштитна капа (шлем);
    2) заштитни очила со странична заштита;
    3) гумени ракавици;
    4) заштитни чизми или чевли со челичен врв;
    5) сигнално елече со флуоресцентни ленти и
    6) батериска лампа со пластично или алуминиумско тело.
    Во случај да се превезуваат експлозивни материи и запаливи течни, тврди и гасовити материи, покрај
    опремата од ставот 2 на овој член, возачите мора да поседуваат и атестирана облека за заштита од
    статички електрицитет (антистатичка облека).
    Во случај да се превезуваат опасни материи од класите 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9 од членот 5 на овој закон,
    покрај опремата од ставот 2 на овој член, возачите мора да поседуваат и течност за плакнење на очите.
    Во случај да се превезуваат отровни или заразни материи, покрај опремата од ставот 2 на овој член,
    возачите мора да поседуваат и заштитни маски со соодветен филтер.
    Ако во екипажот на возилото има придружник кој не поседува сертификат за стручна оспособеност на
    возачите на моторните возила за превоз на опасни материи соодветен за опасните материи и видот на
    возилото за него не е задолжителна опремата од ставот 2 точки 1 до 4 на овој член.
    Член 72
    Моторното возило со кое се превезуваат опасни материи може да се движи само по патиштата што се
    определени за движење на такви возила.
    Моторните возила со кои се превезуваат опасни материи можат да се запираат и да се паркираат само
    на местата што се определени и обележани за тој вид на возила.
    Министерството за внатрешни работи ги определува патиштата од ставот 1 на овој член и местата за
    паркирање од ставот 2 на овој член.
    Министерот за внатрешни работи во согласност со министерот за транспорт и врски и министерот за
    здравство ќе ги пропише условите кои треба да ги исполнуваат местата за паркирање од ставот 2 на
    овој член во зависност од видот на опасната материја.
    Член 73
    Во моторното возило со кое се превезуваат опасни материи не смеат да се наоѓаат други лица освен
    возачот, совозачот и придружникот.
    Во кабината на возилото со кое се превезуваат опасни материи од класите 1, 2, 3, 4.1, 4.2, 4.3, 5.1 и 5.2
    пушењето е забрането.
    Член 74
    Возачот на моторно возило со кое се превезуваат опасни материи е должен со возилото да управува со
    особена претпазливост.
    Брзината на движењето на моторното возило со кое се превезуваат опасни материи не смее да
    преминува 80% од најголемата дозволена брзина определена според видот на патот, односно
    определена со сообраќајните знаци поставени на патот, а во никој случај не смее да биде поголема од
    70 км на час. Во случај на превоз на отровни материи брзината на движење не смее да биде поголема од
    60 км на час.
    Член 75
    Од моментот на приемот до моментот на предавањето на опасната материја, возачот на моторното
    возило не смее да се оддалечува од возилото со кое се превезува опасната материја.
    По исклучок од одредбата на ставот 1 на овој член, возачот на моторното возило смее да се оддалечи од
    возилото со кое се превезува опасна материја само ако возилото го остави под надзор на совозачот или
    на придружникот, односно ако возилото го паркира на контролиран и соодветно опремен простор за
    паркирање.
    Условите од ставовите 1 и 2 на овој член не се однесуваат на возилото со кое се превезуваат опасни
    материи за кое според прописот од членот 3 точка 1 на овој закон нема посебни барања во поглед на
    паркирањето.
    Член 76
    Возачот кој поради дефект, сообраќајна незгода или несреќа, или од друга оправдана причина е
    принуден да го запре возилото натоварено со опасна материја на коловоз или на паркиралиште во
    населба, е должен да ги преземе сите мерки запреното возило да не ги доведе во опасност другите
    возила и учесниците во сообраќајот да ги предупреди:
    1) дење и ноќе – со поставување, зад запрено возило, два триаголника со кои се означува моторно
    возило запрено на коловозот;
    2) ноќе и во време на намалена видливост поради неповолни атмосферски или други прилики – со
    поставување на знаците за предупредување од членот 69 став 2 точка 3 на овој закон и
    3) со упатување на совозачот или придружникот на пратката на оддалеченост од 100 м до 150 м зад
    запреното возило, дење – со знаменце за означување на возило со кое се превезуваат опасни материи, а
    ноќе и во услови на слаба видливост – со батериска лампа, да ги предупредува возачите кои наидуваат
    по страната на коловозот на која се наоѓа запреното возило, така што навреме да ги запрат возилата
    или да ја намалат брзината и да се подготват за безбедно заобиколување на запреното возило.
    Знаците и светилките од ставот 1 точки 1 и 2 на овој член се поставуваат на оддалеченост од најмалку
    50 м од возилото и тоа така што да бидат видливи од оддалеченост од најмалку 150 м за возачите на
    моторни возила што наидуваат по истата страна на коловозот на која се наоѓа запреното возило.
  10. ПРЕВОЗ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ
    Член 77
    Опасни материи не смеат да се превезуваат со железнички возила во кои се наоѓаат патници.
    Член 78
    Железничките транспортни претпријатија се должни да обезбедат чување на опасните материи што ги
    превезуваат и тоа од моментот на приемот до моментот на испораката на тие материи.
    Член 79
    Со железничките возила натоварени со опасни материи смее да се маневрира само ако се претходно
    превземени соодветни мерки за безбедност.
    Железничките транспортни претпријатија ги уредуваат единствените мерки за безбедност при
    маневрирањето со железничките возила од ставот 1 на овој член.
    Член 80
    Железнички возила и цистерни натоварени со опасни материи се вклучуваат во возови под условите и
    на начинот што се утврдени со единствените правила што ги донесуваат железничките транспортни
    претпријатија во согласност со прописот од членот 3 точка 2 на овој закон.
    VIII. Постапки во случај на незгода или несреќа
    Член 81
    Правни или физички лица кои превезуваат опасни материи се должни, во случај на исчезнување на
    опасната материја при превозот, да ги преземат потребните мерки за нејзино пронаоѓање и за опасноста
    што ја претставува опасната материја да ја известат најблиската полициска станица, или надлежниот
    орган кој ја издал дозволата за превоз на опасните материи, односно соодветниот инспекторат, во
    зависност од видот на опасната материја.
    Министерството за внатрешни работи, или надлежниот орган кој ја издал дозволата за транспорт на
    опасните материи, односно соодветниот инспекторат се должни, во зависност од последиците кои може
    да ги предизвика исчезнатата опасна материја, за тоа да ја известат јавноста.
    Член 82
    Испаднати или на кој и да било начин истурени опасни материи при превозот превозникот е должен да
    ги обезбеди, собере и отстрани, односно да ги смести на за тоа определени места или на друг начин да
    ги направи безопасни и за тоа да ја извести најблиската полициска станица, надлежниот орган кој ја
    издал дозволата за превоз на опасните материи, односно соодветниот инспекторат, во зависност од
    видот на опасната материја а, по потреба, и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот
    инспекторат за животна средина или Дирекцијата за заштита и спасување.
    Местата од ставот 1 на овој член ги определува надлежното министерство во зависност од видот на
    опасната материја.
    Ако превозникот не е во можност испаднатите или истурените опасни материи да ги собере, отстрани,
    смести на определено место или на друг начин да ги неутрализира, надлежниот орган во зависност од
    видот на опасната материја од ставот 1 на овој член, ќе повика правно или физичко лице кое располага
    со технички средства за извршување на таква задача тоа да го направи на сметка на превозникот.
    Лицето од ставот 3 на овој член треба по барање на надлежниот орган веднаш и без одлагање да ги
    стави на располагање техничките средства и другата опрема за извршување на таква задача.
    Член 83
    За секоја незгода или несреќа што ќе се случи при превозот на опасни материи, чии последици
    екипажот на возилото не може сам да ги отстрани или поради кои не може да го продолжи возењето,
    еден од членовите на екипажот е должен веднаш да ја извести најблиската полициска станица.
    Ако во возилото со опасни материи кое претрпело незгода или несреќа се наоѓа само возачот, лицето
    кое се затекнало на местото на незгодата или несреќата или лицето кое прво ќе наиде на тоа место е
    должно по барање на возачот за тоа да ја извести најблиската полициска станица.
    Член 83-а
    Доколку во сообраќајна незгода или несреќа настане оштетување на уредите и/или системите на
    возилото, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни работи при вршење на увидот ќе
    го одземе сертификатот за исправност на возилото со кое се врши превоз на опасната материја и ќе го
    врати на правното лице од членот 63 став 3 на овој закон и за тоа ќе го извести Министерството за
    транспорт и врски.
    IX. Надзор
  11. ОВЛАСТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИОТ ОРГАН
    Член 84
    Царинскиот орган на граничниот премин, односно на друго место каде што се врши царински надзор
    проверува дали домашниот или странскиот превозник има дозвола и документи пропишани со овој закон
    и дали превозот ги исполнува барањата на прописите од членот 3 на овој закон.
    Ако царинскиот орган утврди дека не се исполнети барањата од ставот 1 на овој член, нема да дозволи
    влегување, односно излегување на возилото од територијата на Република Македонија и за тоа ќе ги
    извести надлежните инспекциски органи.
    Член 84-а
    Надзор над работата на правните лица за стручно оспособување од членовите 17 став 4 и 20 став 4 на
    овој закон во однос на исполнувањето на пропишаните услови за работа и начинот на стручно
    оспособување на кандидатите за добивање на сертификати за советници за безбедност при превоз на
    опасни материи и сертификати за стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на
    опасни материи врши Министерството за транспорт и врски.
    Ако Министерството за транспорт и врски при вршењето на надзорот утврди дека правното лице повеќе
    не ги исполнува пропишните услови или кандидатите не ги оспособува според пропишаната програма
    или на пропишаниот начин привремено ќе му го одземе овластувањето за работа во период од три
    месеца.
    Правното лице не смее да врши стручно оспособување на кандидатите во периодот додека трае
    привременото одземање на овластувањето од ставот 2 на овој член.
    Против решението од ставот 2 на овој член може да се поднесе тужба пред управниот суд.
    Поведувањето на управен спор согласно со ставот 4 од овој член не го одлага извршувањето на
    решението.
    Ако во рокот од ставот 2 на овој член правното лице не ги отстрани утврдените неправилности
    овластувањето за работа се одзема трајно.
  12. ОВЛАСТУВАЊА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ ОРГАНИ
    Член 85
    Инспекцискиот надзор над извршувањето на овој закон, на прописите донесени врз основа на овој закон
    и на прописите наведени во членот 3 на овој закон, го врши Државниот инспекторат за транспорт преку
    државните инспектори за патен и железнички сообраќај и овластените службени лица од
    Министерството за внатрешни работи.
    Инспекцискиот надзор може да се врши на лице место, на посебно избрани места, во секое време, а
    може да се врши и во деловните простории на правните или физичките лица кои превезуваат, примаат
    или предаваат на превоз опасни материи.
    Избраните места за инспекциски надзор треба да овозможат надзорот да се спроведе без да се загрози
    безбедноста во сообраќајот, здравјето на луѓето, животната средина, природата и материјалните добра.
    Државните инспектори за патен и железнички сообраќај и овластени службени лица од Министерството
    за внатрешни работи вршат инспекциски надзор и контрола над спроведување на мерките за безбедност
    пропишани со овој закон и прописите од членот 3 на овој закон.
    Инспекциски надзор и контрола при превозот на радиоактивни материи, непосредно вршат и инспектори
    од Дирекцијата за радијациона сигурност.
    За извршената контрола при превозот на опасни материи надлежните инспекциски служби пополнуваат
    листа на проверки.
    Формата и содржината на листата на проверки, ја пропишува министерот за транспорт и врски.
    Копија од листата на проверки пополнета од органот кој ја извршил проверката треба да се даде на
    возачот на возилото.
    Освен проверките од листата од ставот 6 на овој член, надлежните инспекциски служби можат да
    преземат и посебни мерки за детални проверки.
    Член 85-а
    При вршењето на инспекцискиот надзор, во согласност со закон, инспекторот има обврска да:
  • постапува по иницијативи за поведување на инспекциска постапка и за тоа да го извести подносителот
    на иницијативата,
  • го известува одговорното лице на субјектот на надзорот за почетокот на вршењето на инспекцискиот
    надзор, освен ако со закон поинаку не е утврдено, или ако со таквото известување ќе се намали
    ефикасноста на надзорот или заради заштита на јавниот интерес, животот и здравјето на луѓето и
    имотот,
  • се легитимира пред субјектот на надзорот, односно пред одговорното или друго овластено лице на
    субјектот на надзорот,
  • состави записник за извршениот инспекциски надзор,
  • ја чува тајноста на класифицираните податоци,
  • постапува законито, навремено и во согласност со Етичкиот кодекс на државните службеници и
    Етичкиот кодекс на инспекциската служба и
  • го извести одговорното лице на субјектот на надзорот за законскиот основ за вршење на надзорот.
    Член 85-б
    Заради отстранување на утврдените неправилности, инспекторот има право и обврска на субјектот на
    надзорот да му:
  • укаже на утврдените неправилности и да определи рок за нивно отстранување,
  • нареди да преземе соодветни мерки и активности во рок кој ќе го определи инспекторот,
  • поднесе барање за поведување на прекршочна постапка и
  • поднесе кривична пријава или да поведе друга соодветна постапка.
    Член 85-в
    Министерот за транспорт и врски донесува годишна програма за работа на инспекторатот и подготвува
    месечни планови за работа на инспекторатот најдоцна до 31 декември во тековната година за наредната
    година.
    Министерот за транспорт и врски доставува годишен извештај до Владата на Република Македонија за
    работата на инспекторатот во претходната година, најдоцна до 31 март во тековната година.
    Член 86
    При вршењето на инспекцискиот надзор државните инспектори за патен и железнички сообраќај и
    овластените службени лица од Министерството за внатрешни работи, имаат право да донесат решение
    за запирање на превозот и исклучување на возилото од сообраќај, ако:
    1) се превезуваат опасни материи кои се забранети за превоз;
    2) опасните материи истекуваат;
    3) се врши превоз со забрането или несоодветно моторно и приклучно возило;
    4) се врши превоз во рефузна состојба во контејнер, кој не е наменет за тоа;
    5) се врши превоз со возило кое нема уверение за испитано возило и валиден сертификат за исправност
    за возилото;
    6) моторното и приклучното возило не ги задоволува стандардите за одобрување и претставува голема
    опасност;
    7) се користи амбалажа која не е испитана и нема сертификат за сообразност;
    8) пакувањето не е во сообразност со приложените инструкции за пакување;
    9) не се усогласени посебните услови за мешано пакување;
    10) не се задоволени правилата во однос на прицврстување и складирање на товарот;
    11) не се задоволени прописите со кои се уредува товарење на мешаните пакувања;
    12) не се почитуваат дозволените нивоа за полнење на цистерните или садовите;
    13) не се применети условите за ограничување на количества превезени во едно возило;
    14) се превезуваат опасни материи без податоци за нивното присуство (пример документи, означување
    или етикетирање на пакувањата, означување на возилото);
    15) возилото со кое се превезуваат опасни материи не е означено со таблички и налепници;
    16) има недостаток на релевантни податоци за материјата што се превезува што овозможуваат на
    определување ризична категорија – I (пример UN број, правилен назив на пратката, група на
    пакување);
    17) возачот не поседува сертификат за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз
    на опасни материи соодветен за опасните материи и видот на возилото;
    18) се користи оган или незаштитен извор на светлина;
    19) не се почитува забраната за пушење и
    20) се превезуваат експлозивни, отровни, заразни или радиоактивни материи без посебно одобрување,
    односно дозвола за превоз издадена од надлежните органи.
    Доколку се работи за превоз на радиоактивна материја, решение од ставот 1 на овој член донесуваат и
    инспекторите од Дирекцијата за радијациона сигурност.
    За дејствијата од ставот 1 на овој член извршени од страна на домашен превозник ќе се одземе и
    сообраќајната дозвола и со соодветна придружба ќе се врати возилото на местото на утоварот.
    За дејствијата од ставот 1 на овој член извршени од страна на странски превозник, со соодветна
    придружба ќе се врати возилото на влезниот граничен премин.
    Исклучување на возило од сообраќај со одземање на сообраќајна дозвола од ставот 3 на овој член трае
    30 дена.
    Одземената сообраќајна дозвола од ставот 3 на овој член се предава во Министерството за внатрешни
    работи.
    За одземената сообраќајна дозвола на превозникот му се издава потврда.
    Член 87
    Надлежните инспекциски органи од членот 86 ставови 1 и 2 на овој закон имаат право да донесат
    решение со кое нема да дозволат натамошно движење на возилото, се додека не се отстранат
    неправилностите на лице место, доколку е можно и соодветно, или на местото кое тие ќе го определат,
    ако:
    1) возилото влече повеќе од една приколка/полуприколка;
    2) возилото не ги задоволува стандардите за одобрување, но не претставува голема опасност;
    3) возилото не носи исправни апарати за гаснење пожар какви што се бараат (апаратот за гаснење
    пожар се смета за исправен ако недостасуваат само пропишаниот печат и/или датумот на истекување на
    рокот на траење, но ова не се применува ако е очигледно дека апаратот за гаснење пожар повеќе не е
    исправен, пример мерачот на притисок е на 0);
    4) во возилото ја нема посебната опрема која се бара при превозот на опасните материи или во
    пишаните инструкции;
    5) датумите на испитување и проверка на роковите на важност на пакувањата, IBCs или големите
    пакувања, не се усогласени;
    6) се превезуваат оштетени пакувања, IBCs или големи оштетени пакувања, неисчистени празни
    пакувања;
    7) се врши превоз на спакувани опасни материи во контејнер, кој не е наменет за тоа;
    8) контејнерите/контејнерите цистерни (вклучувајќи ги и празните неисчистени) не се правилно
    затворени;
    9) превоз на комбинирани пакувања кај кои надворешното пакување не е правилно затворено;
    10) неправилно означување со налепници и поставување на таблички;
    11) нема писмени инструкции или инструкциите не се соодветни за опасната материја која се превезува
    и
    12) возилото не е правилно паркирано и не е под надзор.
    Член 88
    Надлежните инспекциски органи од членoт 86 ставови 1 и 2 на овој закон ќе го дозволат натамошното
    движење на возилото и ќе донесат решение за отстранување на неправилностите, веднаш по
    завршувањето на превозот, ако:
    1) големината на табличките или налепниците или големината на буквите, броевите или симболите на
    табличките или етикетите не ги задоволуваат прописите од членот 3 на овој закон;
    2) недостасуваат други податоци во документите за превоз, освен оние од ризична категорија – I од
    членот 86 точка 16 на овој закон и
    3) сертификат за стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на опасни материи
    соодветен за опасните материи и видот на возилото не е во возилото, но постојат докази дека возачот го
    поседува и е важечки.
    Член 89
    Ако при вршење на надзорот надлежните инспекциски органи дојдат до сознание дека постои основа за
    сомневање дека е извршен прекршок со кој е сторена повреда на овој закон или друг пропис, се должни
    без одлагање да поднесат барање за поведување на прекршочна постапка.
    Член 89-а
    Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор инспекторите од членот 85 на овој закон утврдат за
    прв пат дека е сторена неправилност од членот 94 на овој закон, е должен да состави записник во кој ќе
    ја утврди сторената неправилност со укажување, за отстранување на утврдената неправилност во рок од
    осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација на лицето или
    субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор.
    Формата и содржината на поканата за едукација како и начинот на спроведување на едукацијата ги
    пропишува министерот за транспорт и врски.
    Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за транспорт во рок не подолг од осум
    дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор.
    Едукацијата може да се спроведува за повеќе утврдени исти или истородни неправилности, за еден или
    повеќе субјекти.
    Доколку во закажаниот термин лицето или субјектот над кој се спроведува едукација не се јави на
    едукацијата, ќе се смета дека едукацијата е спроведена.
    Доколку лицето или субјектот над кој се спроведува едукација се јави на закажаната едукација и истата
    ја заврши, ќе се смета дека е едуциран по однос на утврдената неправилност.
    Доколку инспекторите од членот 85 на овој закон при спроведување на контролниот надзор утврди дека
    се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, донесува заклучок со кој ја запира
    постапката на инспекциски надзор.
    Доколку инспекторите од членот 85 на овој закон при спроведување на контролниот надзор утврди дека
    не се отстранети утврдените неправилности од ставот 1 на овој член, поднесува барање за поведување
    на прекршочна постапка пред надлежниот суд.
    Инспекторите од членот 85 на овој закон водат евиденција за спроведената едукација на начин
    пропишан од министерот за транспорт и врски.
    Член 89-б
    Министерството за транспорт и врски – Државниот инспекторат за транспорт за извршените контроли
    изготвува квартални извештаи со унифициран квартален преглед и истите ги објавува на веб страницата
    на Министерството за транспорт и врски.
    Член 90
    Против решението на државните инспектори за патен и железнички сообраќај може во рок од осум
    работни дена од денот на приемот на решението да се поднесе жалба до посебна тричлена Комисија
    формирана од министерот за транспорт и врски при што претседателот на Комисијата треба да е од
    редот на раководните државни служебници.
    Комисијата од ставот 1 на овој член е должна да постапи по жалбата и да донесе решение во рок од 45
    дена од денот на приемот на жалбата.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 1 на овој член не донесе решение во рокот од ставот 2
    на овој член подносителот на жалба може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет
    работни дена. Формата и содржината на известувањето од овој став ги пропишува министерот за
    транспорт и врски.
    Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето
    од ставот 3 на овој член да изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапка согласно со
    закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на
    жалбата за текот на постапката.
    Државниот управен инспекторат по извршениот надзор донесува решение со кое го задолжува
    претседателот на Комисијата од ставот 1 на овој член во рок од десет дена да одлучи по поднесената
    жалба, односно да ја уважи или да ја одбие и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон
    известувањето се доставува и копија од актот со кој е одлучено по поднесената жалба.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 1 на овој член не одлучи во рокот од ставот 5 на овој
    член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден со
    Законот за управната инспекција и ќе се определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој
    претседателот на Комисијата ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести
    инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по
    поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена го информира подносителот на барањето
    за преземените мерки.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 1 на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од
    ставот 6 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен
    обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 3 на овој член подносителот на жалбата во
    рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот
    управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
    седиштето на Државниот управен инспекторат.
    Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа
    приговорот од ставот 8 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето
    од подносителот на жалбата од ставот 3 и/или не поднел пријава согласно со ставот 7 на овој член,
    директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе за поведување прекршочна постапка за
    инспекторот за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе се определи дополнителен
    рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е спроведена
    постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го
    информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 30 на овој член, директорот на
    Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот
    и во рок од осум работни дена ќе го информира подносителот на барањето.
    Во случајот од ставот 10 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а
    најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
    Во случаите од ставот 11 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три
    работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапил согласно со ставот 12 од овој член
    жалителот може да поднесе пријава до надлежен јавен обвинител во рок од осум работни дена.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 1 на овој член не одлучи во рокот од ставот 5 на овој
    член подносителот на жалбата може да поведе управен спор пред Управниот суд.
    Постапката пред Управниот суд е итна.
    Против решението на овластените службени лица од Министерство за внатрешни работи може во рок од
    осум работни дена од денот на приемот на решението да се поднесе жалба до посебна тричлена
    Комисија формирана од Министерот за внатрешни работи при што претседателот на Комисијата треба да
    е од редот на раководните државни служебници.
    Комисијата од ставот 16 на овој член е должна да постапи по жалбата и да донесе решение во рок од 45
    дена од денот на приемот на жалбата.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 16 на овој член не донесе решение во рокот од ставот
    13 на овој член подносителот на жалбата може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од
    пет работни дена.
    Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето
    од ставот 18 на овој член да изврши надзор во Министерството дали е спроведена постапка согласно со
    закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го информира подносителот на
    жалбата за преземените мерки.
    Државниот управен инспекторат по извршениот надзор донесува решение со кое го задолжува
    претседателот на Комисијата во рок од десет дена да одлучи по поднесената жалба, односно да ја уважи
    или да ја одбие и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува и копија
    од актот со кој е одлучено по поднесената жалба.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 16 на овој член не одлучи во рокот од ставот 20 на овој
    член, инспекторот ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден со
    Законот за управната инспекција и ќе се определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој
    претседателот на Комисијата ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести
    инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по
    поднесеното барање. Инспекторот во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на
    барањето за преземените мерки.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 16 на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од
    ставот 21 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен
    обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот не постапил по известувањето од ставот 18 на овој член подносителот на жалбата
    во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот
    управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
    седиштето на Државниот управен инспекторат.
    (24) Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа
    приговорот од ставот 23 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето
    од подносителот на жалбата од ставот 14 на овој член, и/или не поднесе пријава согласно со ставот 22
    на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе за поведување на прекршочна
    постапка за инспекторот за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе се определи
    дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е
    спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор
    да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот не постапи и во дополнителниот рок од ставот 24 на овој член, директорот на
    Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот
    и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Во случајот од ставот 25 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а
    најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
    Во случаите од ставот 26 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три
    работни дена ќе го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапи согласно со ставот 24 од овој член,
    подносителот на жалбата може да поднесе пријава до надлежен јавен обвинител во рок од осум работни
    дена.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 16 на овој член не одлучи во рокот од ставот 20 на овој
    член, подносителот на жалбата може да поведе управен спор пред Управниот суд.
    Постапката пред Управниот суд е итна.
    Против решението на овластените инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност може во рок од
    осум работни дена од денот на приемот на решението да се поднесе жалба до посебна тричлена
    Комисија формирана од директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност при што претседателот на
    Комисијата треба да е од редот на раководните државни служебници.
    Комисијата од ставот 31 на овој член е должна да постапи по жалбата и да донесе решение во рок од 45
    дена од денот на приемот на жалбата.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 31 на овој член не донесе решение во рокот од ставот
    32 на овој член, подносителот на жалбата може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од
    пет работни дена.
    Државниот управен инспекторат е должен во рок од десет дена од денот на приемот на известувањето
    од ставот 33 на овој член да изврши надзор во Дирекцијата за радијациона сигурност дали е спроведена
    постапка согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор да го
    информира подносителот на жалбата за преземените мерки.
    Државниот управен инспекторат по извршениот надзор донесува решение со кое го задолжува
    претседателот на Комисијата во рок од десет дена да одлучи по поднесената жалба, односно да ја уважи
    или да ја одбие и да го извести инспекторот за донесениот акт. Кон известувањето се доставува и копија
    од актот со кој е одлучено по поднесената жалба.
    Доколку претседателот на Комисијата не одлучи во рокот од ставот 35 на овој член инспекторот ќе
    поднесе барање за поведување прекршочна постапка за прекршок предвиден со Законот за управната
    инспекција и ќе се определи дополнителен рок од пет работни дена, во кој претседателот на Комисијата
    ќе одлучи по поднесеното барање за што во истиот рок ќе го извести инспекторот за донесениот акт.
    Кон известувањето се доставува копија од актот со кој одлучил по поднесеното барање. Инспекторот во
    рок од три работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 31 на овој член не одлучи и во дополнителниот рок од
    ставот 36 на овој член, инспекторот во рок од три работни дена ќе поднесе пријава до надлежниот јавен
    обвинител и во тој рок ќе го информира подносителот на барањето.
    Доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 33 на овој член, подносителот на жалбата
    во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот
    управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на
    седиштето на Државниот управен инспекторат.
    Директорот на Државниот управен инспекторат е должен во рок од три работни дена да го разгледа
    приговорот од ставот 38 на овој член и доколку утврди дека инспекторот не постапил по известувањето
    од подносителот на жалбата од ставот 33 на овој член и/или не поднесе пријава согласно со ставот 37
    од овој член, директорот на Државниот управен инспекторат ќе поднесе за поведување прекршочна
    постапка за инспекторот за прекршок предвиден со Законот за управната инспекција и ќе се определи
    дополнителен рок од пет работни дена во кој инспекторот ќе изврши надзор во надлежниот орган дали е
    спроведена постапката согласно со закон и во рок од три работни дена од денот на извршениот надзор
    да го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку инспекторот на постапи и во дополнителниот рок од ставот 39 на овој член, директорот на
    Државниот управен инспекторат ќе поднесе пријава до надлежниот јавен обвинител против инспекторот
    и во рок од три работни дена ќе го информира подносителот на барањето.
    Во случајот од ставот 40 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат веднаш, а
    најдоцна во рок од еден работен ден, ќе овласти друг инспектор да го спроведе надзорот веднаш.
    Во случаите од ставот 41 на овој член, директорот на Државниот управен инспекторат во рок од три
    работни дена го информира подносителот на барањето за преземените мерки.
    Доколку директорот на Државниот управен инспекторат не постапил согласно со ставот 42 од овој член,
    подносителот на жалбата може да поднесе пријава до надлежен јавен обвинител во рок од осум работни
    дена.
    Доколку претседателот на Комисијата од ставот 31 на овој член не одлучи во рокот од ставот 35 на овој
    член, подносителот на жалбата може да поведе управен спор пред Управниот суд.
    Постапката пред Управниот суд е итна.
    Член 91
    Правните или физичките лица кои вршат превоз или други постапки со опасни материи се должни на
    инспекциските органи да им ја дадат на увид потребната документација.
    Член 92
    За извршените проверки при превозот на опасни материи, Министерството за транспорт и врски води
    база на податоци за:
  • обемот на превезени опасни материи во превезени тони или тон километри,
  • бројот на извршени проверки,
  • бројот на проверени домашни и странски возила по место на регистрација,
  • бројот и видот на констатирани прекршоци и
  • бројот и видот на изречени казнени мерки.
    Органите надлежни за контрола на превозот на опасни материи за извршените проверки до
    Министерството за транспорт и врски доставуваат извештај на секои три месеца, во кој се содржани
    податоците од ставот 1 на овој член.
    Базата на податоци се води на посебен образец.
    Формата и содржината на образецот за водење база на податоци од ставот 1 на овој член ја пропишува
    министерот за транспорт и врски .
    За сериозни или повторени прекршоци извршени од странски превозник кои ја загрозуваат безбедноста
    на превозот, Министерството за транспорт и врски ќе го извести соодветниот надлежен орган на земјата
    во која е регистриран превозникот или испраќачот и ќе побара да бидат преземени соодветни мерки во
    однос на прекршителот.
    X. Прекршочни одредби
    Член 93
    Глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
    правно лице, ако:
    1) превезува опасна материја што е забранета за превоз или спротивно на одредбите на меѓународните
    прописи за превоз на опасни материи (член 3);
    2) превезува новооткриена опасна материја за која со научно испитување не се утврдени условите што
    даваат целосна сигурност при превозот (член 6);
    2-а) врши превоз на опасни материи во патниот сообраќај без одобрение (член 7-а);
    2-б) во определениот рок не ги пријави сите промени настанати во поглед на исполнувањето на
    условите за добивање на одобрение (член 7-ѓ);
    3) амбалажата во која се превезува опасна материја не одговара на пропишаните услови (член 8);
    4) садот во кој превезува опасна течна материја или опасна материја потопена во некоја течност, или
    садот за превоз на раствор на опасна материја и нивните затворачи не одговараат на пропишаните
    услови (член 10);
    5) садот со зафатнина поголема од 200 литри во кој превезува опасна течна материја не е од челичен
    лим или од друг соодветен материјал (член 11 став 1);
    6) амбалажата наменета за превоз на опасни материи не е испитана и нема соодветен сертификат за
    сообразност (член 12);
    7) нареди или дозволи со опасна материја да ракува лице кое не е полнолетно или лице кое не е
    стручно оспособено за ракување со тие материи (член 16 став 1);
    8) нема назначено советник за безбедност при превоз на опасни материи (член 17 став 1);
    9) без овластување од надлежниот орган врши стручно оспособување на советници за безбедност при
    превоз на опасни материи (член 17 став 4);
    10) не ги чува годишните извештаи во определен рок или не ги достави на надлежните органи по нивно
    барање (член 19 став 3);
    11) дозволи превоз на опасни материи од страна на лица кои не се стручно оспособени за превоз на
    опасни материи (член 20 став 1);
    12) без овластување од надлежниот орган врши стручно оспособување на лица кои превезуваат опасни
    материи (член 20 став 4);
    13) врши натовар, прием, предавање или истовар на опасни материи надвор од местото определено од
    надлежниот орган (член 27);
    14) на местото на кое се врши натовар или истовар на експлозивна материја или запалива опасна
    материја не се придржува на забраните од членот 29 на овој закон;
    15) местото на кое се врши натовар или истовар на експлозивни материи, гасови или на запални опасни
    материи не го снабди со апарати или со други уреди за гаснење на пожар (член 32);
    16) во затворен простор во кој се врши натовар или истовар на опасни материи што развиваат гасови
    или на радиоактивни материи не постави апарат за мерење на концентрацијата на гасовите во воздухот,
    односно апарат за мерење на радиоактивноста во тој простор, или редовно не врши преглед и
    баждарење на тие апарати (член 33);
    17) одделни видови опасни материи превезува преку подрачје на кое е забранет превозот на такви
    материи или го врши превозот на материјата со превозно средство со кое е забранет превозот на таква
    материја (член 37 став 1);
    18) опасна материја предаде на превоз како багаж, освен апарати, направи и други слични предмети
    што содржат минимални количини на опасни материи кои не претставуваат опасност од околината, а
    служат за лична употреба (запалки, кибрити, лекови и слично) (член 38);
    19) веднаш не го запре натамошното превезување на опасна материја што е забранета за превоз и за
    тоа не ги извести најблиската полициска станица и испраќачот, штом ќе утврди или на друг начин ќе
    дознае дека превезува таква опасна материја (член 39 став 1);
    20) не го запре натамошното превезување на опасни материи и за тоа не го извести испраќачот кога во
    текот на превозот ќе утврди дека превезува опасна материја што не ги исполнува условите пропишани
    за превоз или која не е декларирана како опасна материја или е неточно декларирана (член 40 став 1);
    21) веднаш по применото известување за запирањето на превозот на опасната материја не ги отстрани
    утврдените недостатоци или не ја преземе опасната материја (член 40 став 2);
    22) експлозивната материја чијшто натовар или истовар се врши надвор од кругот на претпријатијата
    што тие материи ги произведуваат или ги држат за својата редовна дејност ја натоварува или
    истоварува надвор од местото што го определило Министерството за внатрешни работи (член 41);
    23) не ги преземе посебните мерки за безбедност при превозот на определена експлозивна материја што
    ги пропишал надлежниот орган (член 44 став 1);
    24) експлозивна материја и средствата за нејзино иницирање ги превезува во ист простор на превозното
    средство или ако експлозивната материја ја превезува во просторот на превозното средство во кој се
    превезуваат лица (член 46 ставови 1 и 3);
    25) за исчезнатото количество експлозивна материја при превозот веднаш не ја извести најблиската
    полициска станица (член 47);
    26) садовите во кои се превезуваат гасови не се снабдени со исправни вентили и вентилите на тие
    садови не се заштитени со заштитна капа или со заштитен прстен и херметички затворени за време на
    превозот (член 49);
    27) превезува отров во ист товарен простор со животни прехранбени производи, или со добиточна храна
    или со лекови, или со предмети за општа употреба кои подлежат на здравствен надзор (член 51 став 4);
    28) при превозот на отровни или заразни материи не ги преземе посебните мерки за безбедност
    пропишани од надлежните органи (член 52 став 1);
    29) во случај на истурање на отровна или заразна материја на видлив начин не го обележи местото на
    кое настанало истурањето или не го спречи пристапот кон тоа место на луѓе или животни до доаѓањето
    на стручно оспособено лице (член 54);
    30) пакува или превезува радиоактивна материја во амбалажа што не му одговара на определен вид
    радиоактивна материја или дозата на зрачење на површината на амбалажата е поголема од дозволената
    (член 55);
    31) при подготвувањето за превоз или при превозот на радиоактивна материја која истовремено е и
    токсична, експлозивна или запална, не ги преземе мерките за безбедност пропишани за секој наведен
    вид опасност (член 56);
    32) превезува радиоактивна материја во ист товарен простор со животни прехранбени производи,
    предмети за општа употреба што подлежат на здравствен надзор, со лекови, или со добиточна храна
    (член 57);
    33) превезува радиоактивна материја без дозвола од надлежниот орган или при нејзиниот превоз не ги
    преземе наведените посебни мерки за безбедност (член 58 ставови 1, 2 и 3);
    34) превезува поголемо количество радиоактивна материја, односно број на извори на јонизирачки
    зрачења чија активност е поголема од активноста определена во дозволата или не го извести
    надлежниот орган во Републиката за почетокот на превозот или ако известувањето не ги содржи сите
    пропишани податоци (член 59);
    35) радиоактивна материја или извор на јонизирачки зрачења, што во случај на незгода или несреќа
    може да доведе до контаминација или до загрозување на животната средина со зрачење, превезува без
    придружба на лице стручно оспособено за ракување со таа материја (член 61);
    36) во случај на истурање на радиоактивна материја на видлив начин не го обележи местото на кое
    дошло до растурање или не го спречи пристапот на тоа место на луѓе или животни до доаѓањето на
    стручно оспособени лица (член 62);
    37) превезува опасна материја со моторно или приклучно возило кое не е посебно конструирано за
    превоз на одделни опасни материи или со возило кое не одговара на условите пропишани со овој закон
    и со прописот од членот 3 точка 1 на овој закон (член 63 став 1);
    38) врши превоз на опасни материи со возила со ознаки “EX/II”, “EXIII”, “FL”, “OX”, “AT” и “MEMU“кои
    немаат уверение за испитано возило, како и валиден сертификат за исправност на возилото за превоз
    на опасни материи (член 63 став 2);
    38-а) врши испитување на возила и издава уверение и сертификат за соодветна класа на опасни
    материи без да поседува овластување за вршење на овие работи од Министерство за внатрешни работи
    (член 63 став 3);
    39) превезува опасни материи со моторно возило кое не ги исполнува техничките услови за превоз на
    определена опасна материја (член 65);
    40) моторното возило со кое превезува опасна материја или празни неисчистени садови во кои се
    наоѓале опасни материи ги нема знаците пропишани во членовите 66 и 67 на овој закон;
    41) возилото со кое превезува експлозивна или радиоактивна материја не го означи со соодветните
    ознаки или ознаките не ги постави на соодветно место (член 68);
    42) опасна материја превезува во железничко возило во кое се наоѓаат патници (член 77);
    43) нареди маневрирање со железнички возила натоварени со опасна материја, а претходно не ги
    преземе пропишаните мерки за безбедност (член 79);
    44) вклучи во воз железничко возило или цистерна со опасна материја спротивно на условите и на
    начинот што ги утврдило железничкото транспортно претпријатие (член 80);
    45) во случај на исчезнување на опасна материја при превозот не ги преземе потребните мерки за
    нејзино пронаоѓање и ако за нејзиното исчезнување и за опасноста која ја претставува таа опасна
    материја не ги извести најблиската полициска станица, или надлежниот орган кој ја издал дозволата за
    превоз на опасните материи, односно соодветниот инспекторат (член 81 став 1);
    46) опасната материја што испаднала или што се истурила при превозот не ја собере или не ја отстрани,
    односно смести на место определено за тоа или на друг начин не ја стори безопасна или за тоа не ја
    извести најблиската полициска станица или надлежниот орган кој ја издал дозволата за превоз на
    опасните материи, односно соодветниот инспекторат, а по потреба и Државниот санитарен и здравствен
    инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина или Дирекцијата за заштита и спасување
    (член 82 став 1) и
    47) на барање на надлежните инспекциски органи не им ја даде на увид целата потребна документација
    за превоз на опасните материи (член 91).
    За дејствијата од ставот 1 на овој член глоба во износ од 1.500 до 2.000 евра во денарска
    противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице или на советникот за
    безбедност при превоз на опасни материи назначен од правното лице.
    За дејствијата од ставот 1 точки 10, 13, 14, 15, 16, 18, 38, 40, 41 и 47 на овој член, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, може на самото место да изрече глоба
    во износ од 600 евра во денарска противвредност на одговорното лице во правното лице или на
    советникот за безбедност при превоз на опасни материи назначен од правното лице, со врачување на
    покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.
    Доколку глобата од ставот 3 на овој член сторителот не ја плати во определениот рок, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, се должни да поднесе барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.
    За прекршокот од ставот 1 на овој член покрај глобата на правното лице може да му се изрече и
    прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејноста од шест месеца до две години.
    Член 94
    Глоба во износ од 1.500 до 3.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
    правно лице, ако:
    1) превезува опасна материја во сад од кршлив материјал или неотпорна пластична маса што не е
    сместен во заштитна амбалажа и не е обезбеден со соодветен материјал за пополнување на празниот
    простор (член 9);
    2) садовите од кршлив материјал во кој се превезува опасна течна материја ги пакува во група чија
    вкупна маса надминува 75 кг или садовите од некршлив материјал во кој се превезува опасна течна
    материја ги пакува во група чија вкупна маса надминува 150 кг (член 11 став 2);
    3) празната неисчистена амбалажа садови во која се наоѓале опасни материи не е затворена и не е
    означена на ист начин како да е наполнета со опасни материи (член 15);
    4) во возилото нема товарен лист, односно товарниот лист не е уредно пополнет и писмени инструкции
    за опасната материја која се превезува (член 22);
    5) писмените инструкции не ги содржат сите потребни податоци (член 25);
    6) врши натоварување или истоварување на опасни материи на место кое не е посебно определно и
    заградено или не е снабдено со пропишани уреди или опрема или ако на видливо место не е означено
    со соодветна ознака за опасност (член 26 став 2);
    7) уредот за натовар или истовар на опасни материи не е исправен или изведен така да не ја оштетува
    амбалажата на опасната материја (член 31);
    8) на местото на кое се натоваруваат или истоваруваат опасните материи не ја контролира исправноста
    на уредите или на електричните инсталации не организира физичко обезбедување на тие места или не
    се грижи за исправноста на техничката опрема и на другите средства за гаснење на пожар на тие места
    (член 34);
    9) опасната материја ја предаде или ја прими на превоз или ја превезува со сопствено превозно
    средство, а истата не е подготвена во согласност со условите за нејзиниот превоз (член 36);
    10) садот во кој превезува гас го полни со вид на гас за кој тој не е наменет (член 48);
    11) садовите со гас ги превезува со отворено превозно средство, а товарот не го заштити од штетни
    атмосферски влијанија или ако ги превезува со затворено превозно средство што не е снабдено со
    вентилационен уред или не е овозможено постојано проветрување (член 50);
    12) дозволи или нареди на возило натоварено со опасна материја да се врши поправка која поради
    искрење или удар може да предизвика пожар или експлозија или да ја оштети амбалажата (член 64 став
    1) и
    13) врши стручно оспособување на кандидати во период во кој му е привремено одземено
    овластувањето за работа ( член 84-а став 3).
    За дејствијата од ставот 1 на овој член глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска
    противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице или на советникот за
    безбедност при превоз на опасни материи назначен од правното лице.
    За дејствијата од ставот 1 на овој член инспекторот на Државниот инспекторат за транспорт,
    овластеното службено лице од Министерството за внатрешни работи и инспекторот од Дирекцијата за
    радијациона сигурност, можат на самото место да изречат глоба во износ од 300 евра во денарска
    противвредност на одговорното лице во правното лице или на советникот за безбедност при превоз на
    опасни материи назначен од правното лице, со врачување на покана за плаќање на глобата во рок од
    осум дена од денот на врачувањето на поканата.
    Доколку глобата од ставот 3 на овој член сторителот не ја плати во определениот рок, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, се должни да поднесат барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.
    Член 95
    Глоба во износ од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
    правното лице, ако:
    1) шишињата во кои се превезуваат опасни материи, освен ниските шишиња со пречник поголем од 30
    см во кои се превезува течен нафтен гас, не ги пакува, односно не ги става во палети во вертикална
    положба или ако шишињата со гас ги пакува во хоризонтална положба, а не ги обезбеди така што да не
    можат да се тркалаат или поместуваат или ако шишињата пакувани во палети во вертикална положба не
    ги обезбеди да не можат да се превртуваат (член 13);
    2) амбалажата во која превезува опасна материја на видно место не е означена со налепници за
    опасноста, односно со налепници за кршливоста на садот согласност со прописите од член 3 на овој
    закон (член 14);
    3) натоварува или истоварува опасни материи ноќе без електрично осветление или ако електричните
    уреди на местото на натоварот или истоварот не се изработени така што да не можат да предизвикаат
    пожар или експлозија (член 30 став 2);
    4) во возилото со кое превезува опасна материја држи материја која може да предизвика пожар (член
    64 став 2);
    5) моторното возило со кое превезува опасна материја ја нема пропишаната опрема (член 69);
    6) приклучното возило со кое превезува опасна материја, кое има единечна оска со еднократни тркала,
    нема посебен уред кој предупредува за опаѓањето на притисокот на воздухот во пеневматикот повеќе од
    20% на кое и да било тркало на приклучното возило (член 70 став 1);
    7) приклучното возило со кое превезува опасна материја кое не е снабдено со систем за автоматско
    сопирање, а не е врзано за влечното возило и снабдено со синџири (член 70 став 2);
    8) во возилото не се наоѓа соодветна лична заштитна опрема за возачот (член 71);
    9) дозволи во возилото со кое превезува опасна материја да се наоѓаат други лица, освен возачот,
    совозачот и придружникот (член 73 став 1) и
    10) правното или физичкото лице по барање на надлежниот орган не ги стави на располагање
    техничките средства и другата опрема за собирање или отстранување на испаднатите или истурените
    опасни материи (член 82 став 4).
    За дејствијата од ставот 1 на овој член глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност
    ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице или на советникот за безбедност при превоз на
    опасни материи назначен од правното лице.
    За дејствијата од ставот 1 на овој член инспекторот на Државниот инспекторат за транспорт,
    овластеното службено лице од Министерството за внатрешни работи и инспекторот од Дирекцијата за
    радијациона сигурност, можат на самото место да изречат глоба во износ од 200 евра во денарска
    противвредност на одговорното лице во правното лице или на советникот за безбедност при превоз на
    опасни материи назначен од правното лице, со врачување на покана за плаќање на глобата во рок од
    осум дена од денот на врачувањето на поканата.
    Доколку глобата од ставот 3 на овој член сторителот не ја плати во определениот рок, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, се должни да поднесат барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.
    Член 96
    На физичко лице – трговец поединец за прекршоците од членот 93 на овој закон ќе му се изрече глоба
    во износ од 1.700 до 2.000 евра во денарска противвредност, за прекршоците од членот 94 на овој
    закон ќе му се изрече глоба во износ од 1.300 до 1.600 евра во денарска противвредност, за
    прекршоците од членот 95 на овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 до 1.200 евра во
    денарска противвредност.
    За прекршоците од членовите 93, 94 и 95 на овој закон глоба во износот од ставот 2 на овие членови ќе
    му се изрече и на советникот за безбедност при превоз на опасни материи, назначен од физичко лице –
    трговец поединец.
    За прекршоците од членовите 93, 94 и 95 на овој закон инспекторот на Државниот инспекторат за
    транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни работи и инспекторот од
    Дирекцијата за радијациона сигурност, глоба во износот од ставот 3 на овие членови може да му изрече
    на советникот за безбедност при превоз на опасни материи назначен од физичкото лице – трговец
    поединец, на самото место, со врачување на покана за плаќање на глобата во рок од осум дена од денот
    на врачувањето на поканата.
    Доколку глобата од ставот 3 на овој член сторителот не ја плати во определениот рок, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, се должни да поднесат барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.
    За прекршокот од членот 93 став 1 на овој закон покрај глобата, на физичкото лице – трговец поединец,
    може да му се изрече и прекршочна санкција привремена забрана за вршење на дејноста од шест
    месеца до две години.
    Член 97
    Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на
    физичко лице, ако:
    1) врши пренос, натовар, истовар или претовар на опасните материи, а пред тоа не е запознат со
    начинот на работа, со опасностите и со заштитните мерки при работата и тоа без раководство и надзор
    на стручно оспособено лице за ракување со опасни материи (член 16 став 2);
    2) превезува опасни материи, а не поседува сертификат за стручната оспособеност на возачите на
    моторни возила за превоз на опасни материи соодветен за опасните материи и видот на возилото (член
    20 став 2);
    3) во возилото нема товарен лист, односно товарниот лист не е уредно пополнет и нема писмени
    инструкции за опасната материја која се превезува (член 22).
    4) пристапи на место на кое се врши натовар или истовар на опасни материи, а не учествува во
    натоварот или истоварот (член 28);
    5) на местото на кое се врши натовар или истовар на експлозивна материја или запалива опасна
    материја не се придржува на забраните од членот 29 став 1 на овој закон;
    6) за време на натоварот или истоварот на запални течности или гасови не го заземји превозното
    средство или за време на натоварот, истоварот или претоварот не ја запре работата на моторот на
    превозното средство со кое ги превезува запалната течност или запалниот гас кога бил должен тоа да го
    стори (член 35);
    7) опасната материја ја превезува со сопствено превозно средство, а истата не е подготвена во
    согласност со условите за нејзиниот превоз (член 36);
    8) како лице кое управува со моторно возило превезува одделни видови на опасни материи преку
    подрачје на кое е забранет превозот на такви материи или го врши превозот на материјата со превозно
    средство со кое е забранет превозот на таквата материја (член 37);
    9) прими на превоз опасна материја како багаж, освен апаратите, направите и другите слични предмети
    што содржат минимални количества на опасни материи, што не претставуваат опасност по околината, а
    служат за лична употреба (запалки, кибрити, лекови и слично) (член 38);
    10) утврди или на друг начин дознае дека превезува опасна материја која е забранета за превоз,
    веднаш не го запре натамошното превезување на опасната материја и за тоа не ја извести најблиската
    полициска станица и испраќачот на опасната материја (член 39 став 1);
    11) во текот на превозот утврди дека превезува опасна материја која не ги исполнува условите
    пропишани за превоз или која не е декларирана или е неточно декларирана, не го запре натамошното
    превезување на опасната материја и за тоа го извести испраќачот (член 40 став 1);
    12) во текот на превозот на експлозивна материја не ги преземе посебните мерки за безбедност што ги
    пропишал надлежниот орган (член 44 став 1);
    13) експлозивната материја и средствата за нејзино иницирање ги превезува во ист простор на
    превозното средство или ако експлозивната материја ја превезува во кабината на возачот или во
    просторот на превозното средство во кој се превезуваат лица (член 46 ставови 1 и 3);
    14) за исчезнатото количество на експлозивна материја при превозот веднаш не ја извести најблиската
    полициска станица (член 47);
    15) садовите со гас ги превезува со отворено превозно средство, а товарот не го заштити од штетните
    атмосферски влијанија или ако ги превезува со затворено превозно средство што не е снабдено со
    вентилационен уред или не е овозможено постојано проветрување (член 50);
    16) како лице кое управува со превозно средство превезува отров или заразни материи во ист товарен
    простор со животни прехранбени производи, добиточна храна, лекови и предмети за општа употреба
    што подлежат на здравствен надзор (член 51 став 4);
    17) во текот на превозот на отровни или заразни материи не ги преземе посебните мерки за безбедност
    пропишани од надлежните органи (член 52 став 1);
    18) во случај на истурање на отровна или заразна материја на видлив начин не го обележи местото на
    кое настанало истурањето или не го спречи пристапот кон тоа место на луѓе или животни до доаѓањето
    на стручно оспособено лице (член 54);
    19) како лице кое управува со превозно средство превезува радиоактивна материја во ист товарен
    простор со животни прехранбени производи, со предмети за општа употреба кои подлежат на
    здравствен надзор, со лекови, или со добиточна храна (член 57);
    20) во текот на превозот на радиоактивна материја не ги преземе посебните мерки за безбедност
    пропишани од надлежните органи (член 58 став 3);
    21) радиоактивните материи кои во случај на незгода или несреќа, со зрачење можат да доведат до
    загадување или до загрозување на животната средина ги превезува без придружба на лице стручно
    оспособено за ракување со тие материи (член 61);
    22) во случај на истурање на радиоактивна материја на видлив начин не го обележи местото на кое
    дошло до истурање или не го спречи пристапот кон тоа место на луѓе или животни до доаѓањето на
    стручно оспособени лица (член 62 став 1);
    23) за истурена или исчезната радиоактивна материја во текот на превозот веднаш не ја извести
    најблиската полициска станица и Дирекцијата за радијациона сигурност (член 62 став 2);
    24) управува превозно средство со ознаки “EX/II”, “EX/III”, “FL”, “OX”, “АТ” и “MEMU“ кое нема уверение
    за испитано возило (член 63 став 2);
    25) врши превоз спротивно од одредбите на членот 63 ставови 5, 6 и 7 од овој закон;
    26) во возилото со кое превезува опасни материи држи материи што можат да предизвикаат пожар или
    врши поправка на возилото натоварено со опасни материи (член 64);
    27) на моторно возило со кое превезува опасни материи не се поставени таблички и налепници за
    означување на возило, или истите не се испишани и поставени согласно со прописот од членот 3 точка 1
    на овој закон (член 66 ставови 1, 2 , 3 и 4);
    28) не ги извади табличките и налепниците од празното и исчистено возило (член 66 став 4 );
    29) превезува опасна материја со возилото од членот 63 став 6 на овој закон, а не го означи возилото со
    пропишаното знаменце истакнато на видливо место (член 67);
    30) при превозот на опасни материи не поседува соодветна лична заштитна опрема (член 71);
    31) како возач на моторно возило при превозот на опасна материја се движи по забранети патишта, или
    го запре или паркира возилото на место кое не е определено и обележено за тој вид возила (член 72
    ставови 1 и 2);
    32) како возач на моторно возило при превозот на опасни материи прими во возило лице кое не е
    совозач или придружник (член 73 став 1);
    33) пуши во кабината на возилото со кое се превезуваат опасни материи од класите 1, 2, 3, 4.1, 4.2 ,
    4.3, 5.1 и 5.2 (член 73 став 2);
    34) при превозот на опасни материи не управува со возилото со особена претпазливост, вози со брзина
    поголема од 70 км на час, или брзина која преминува 80% од најголемата дозволена брзина определена
    според видот на патот или при превоз на отровни материи вози со брзина поголема од 60 км на час
    (член 74);
    35) како возач на моторно возило се оддалечи од возилото со кое превезува опасна материја, а
    возилото го остави без надзор на совозачот или придружникот (член 75);
    36) во случај кога возилото е запрено поради дефект, сообраќајна незгода или несреќа или од други
    оправдани причини не ги преземе сите мерки за предупредување на другите учесници во сообраќајот
    (член 76 );
    37) од моментот на приемот до моментот на испорака не обезбеди чување на опасната материја што ја
    превезува (член 78);
    38) при превозот на опасна материја доколку дојде до исчезнување на истата, не ги преземе мерките за
    нејзино пронаоѓање и не ја извести најблиската полициска станица, или надлежниот орган кој ја издал
    дозволата за превоз на опасни материи, односно соодветниот инспекторат (член 81 став 1);
    39) испадната или истурена материја при превозот не ја собере или отстрани, односно не ја смести на за
    тоа определено место или на друг начин не ја стори безопасна и за тоа не ги извести надлежните органи
    (член 82 став 1);
    40) како член на екипажот на моторно возило на кое се случила незгода или несреќа при превозот на
    опасни материи, а чии последици не може сам да ги отстрани, или поради кои не може да го продолжи
    возењето, веднаш за тоа не ја извести најблиската полициска станица (член 83 став 1);
    41) како лице кое се затекнало на местото на незгодата на барање од возачот не ја извести најблиската
    полициска станица во случај на незгода или несреќа на возилото што превезува опасни материи (член
    83 став 2) и
    42) како лице кое управува со превозното средство на барање на надлежните инспекциски органи не им
    ја даде на увид целата потребна документација за превоз на опасни материи (член 91).
    За дејствијата од ставот 1 точки 2, 3, 5, 6, 9, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 30, 32, 33, 34, 37, 40, 41 и 42 на овој
    член, инспекторот на Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од
    Министерството за внатрешни работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, можат на
    самото место да изречат глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност на физичко лице при
    што на сторителот на прекршокот ќе врачат покана за плаќање на глоба во рок од осум дена од денот на
    врачувањето на поканата.
    Доколку глобата од ставот 2 на овој член сторителот не ја плати во определениот рок, инспекторот на
    Државниот инспекторат за транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни
    работи и инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност, се должни да поднесат барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци.
    Член 98
    Посредување
    За прекршоците од членовите 94, 95, 96 и 97 на овој закон, инспекторот на Државниот инспекторат за
    транспорт, овластеното службено лице од Министерството за внатрешни работи и инспекторот од
    Дирекцијата за радијациона сигурност можат на сторителот на прекршокот да му предложат
    посредување и постигнување на согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата,
    другите давачки или да ги отстрани последиците од прекршокот.
    Лицата од ставот 1 на овој член составуваат записник за прекршокот во кој се констатира согласноста
    на двете страни за покренување на постапка за посредување, на кој се потпишува и сторителот на
    прекршокот.
    Постапката за посредување се покренува со доставување на записник од ставот 2 на овој член до
    комисијата за посредување, кој лицата од ставот 1 на овој член се должни да го достават во рок од три
    дена од денот на составувањето и потпишувањето.
    Постапка за посредување се води пред комисија за посредување формирана од министерот за транспорт
    и врски.
    Комисијата е составена од три члена од кои еден ја врши функцијата на претседател. Членовите на
    комисијата се избираат од редот на државните службеници вработени во Министерството за транспорт и
    врски, од кои еден е дипломиран правник.
    Председателот на комисијата е должен постапката да ја започне во рок од 24 часа од денот на
    доставувањето на записникот.
    Комисијата работи на седница на која задолжително присуствуваат претставници на сторителот на
    прекршокот и државниот инспектор, службеното лице од Министерството за внатрешни работи или
    инспекторот од Дирекцијата за радијациона сигурност.
    За постигнатата согласност во постапката за посредување се склучува спогодба со сторителот на
    прекршокот.
    Во спогодбата се утврдуваат обврските на сторителот на прекршокот, а особено:
  • висината и начинот на плаќање на глобата,
  • висината и начинот на плаќање на други давачки и трошоци и
  • мерките кои треба да ги преземе сторителот за отстранување на последиците од прекршокот.
    Во случаи во кои е постигната согласност за посредување глобата на сторителот може да биде намалена
    за најмалку една половина за максимум пропишаната глоба за прекршокот.
    Министерот за транспорт и врски донесува деловник и трошковник за работа на комисијата.
    Укинат 2
    Висината и видот на трошоците утврдени во трошковникот од ставот 11 на овој член се определува од
    реалните трошоци што ги има органот потребни за обезбедување на работа на комисијата за
    посредување.
    Комисијата за посредување е должна да води евиденција за поведените постапки за посредување и за
    нивниот исход.
    Спогодбата од ставoт 8 на овој член има сила на извршна исправа.
    Ако постапката на посредување не успее, се поднесува барање за поведување на прекршочна постапка
    пред надлежниот суд за прекршоци.
    Член 98-а
    За прекршоците од членовите 94, 95, 96 и 97 на овој закон, пред поднесување на барање за
    поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, инспекциските органи од членот 85 на овој
    закон ќе спроведат постапка за порамнување. За констатираниот прекршок инспекторот составува
    записник во кој ги забележува битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на
    прекршокот, времето, местото и начинот на сторувањето на прекршокот, описот на дејствието и лицата
    затекнати на самото место. Записникот го потпишуваат инспекторот и сторителот на прекршокот.
    Доколку сторителот го признае прекршокот инспекторот на сторителот ќе му издаде платен налог заради
    наплата на глобата предвидена за прекршокот. Со потписот на платниот налог се смета дека сторителот
    на прекршокот се согласува да ја плати предвидената глоба.
    Сторителот на прекршоците од ставот 1 на овој член е должен да ја плати глобата во рок од осум дена
    од денот на приемот на платниот налог на сметка на Буџетот на Република Македонија означена во
    платниот налог. Сторителот кој ќе ја плати глобата во дадениот рок ќе плати само половина од
    изречената глоба утврдена во платниот налог.
    Ако сторителот на прекршокот од ставот 1 на овој член не ја плати глобата во рокот определен во ставот
    3 од овој член инспекторот ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот
    суд.
    Инспекциските органи од членот 85 на овој закон се должни да водат евиденција за покренатите
    постапки за порамнување и нивниот исход.
    XI. Преодни и завршни одредби
    Член 99
    Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на
    влегувањето во сила на овој закон.
    До влегувањето во сила на прописите од ставот 1 на овој член ќе се применуваат прописите што важеле
    до денот на влегувањето во сила на овој закон.
    Член 100
    Одредбата од членот 17 став 1 на овој закон со која правните или физичките лица кои превезуваат,
    примаат или предаваат на превоз опасни материи се должни да назначат најмалку едно стручно
    оспособено лице – советник за безбедност при превоз на опасните материи, ќе започне да се применува
    од 1 јануари 2008 година.
    Член 101
    Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да се применува Законот за превоз на опасни
    материи (“Службен лист на СФРЈ“ број 27/90 и 45/90) и Законот за превоз на опасни материи (“Службен
    весник на Република Македонија“ број 12/93), освен одредбите од членовите 85 до 103 кои се
    однесуваат за превоз на опасни материи во внатрешните пловни патишта, воздушниот сообраќај и
    поштенскиот сообраќај.
    Член 102
    Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република
    Македонија”.
    ОДРЕДБИ ОД ДРУГИ ЗАКОНИ
    Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и
    железничкиот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.161/2009):
    Член 19
    Возилата – цистерни кои превезуваат бензини и/или органски растворувачи ќе се прилагодат на
    спецификациите од членот 69 став 5 на овој закон во период од девет години од денот на влегувањето
    во сила на актот со кој ќе се пропишат потребните спецификации.
    Член 20
    Правните и физичките лица што вршат превоз на опасни материи во патниот сообраќај се должни во рок
    од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон да поднесат барање за добивање на
    одобрение.
    Член 21
    Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од една година од денот на
    влегувањето во сила на овој закон.
    До денот на влегувањето во сила на поблиските прописи од ставот 1 на овој член ќе се применуваат
    прописите што важеле до денот на влегувањето во сила на овој закон.
    Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и
    железничкиот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2011):
    Член 10
    Одредбите од членовите 1, 5 и 7 на овој закон ќе започнат да се применуваат со денот на
    започнувањето на примената на Законот за инспекциски надзор.
    Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и
    железничкиот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/2011):
    Член 11
    Поблиските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 30 дена од денот на влегувањето
    во сила на овој закон.
    Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и
    железничкиот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2011):
    Член 3
    Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 15 дена од денот на влегувањето
    во сила на овој закон.
    По донесувањето на подзаконските акти предвидени со овој закон истите веднаш, а најдоцна во рок од
    24 часа се објавуваат на веб страницата на Министерството за транспорт и врски.