Бизнисот не може да гарантира дека нема да има скок на цените по завршување на т.н. новогодишна кошничка. Од северозападната комора велат – во моментов нема никаква мерка, цените ќе се формираат на отворен пазар и може да се очекува да има поскапување.
„Најверојатно ќе одат нагоре тие се на слободен пазар, а ние не се мешаме на слободниот пазар. Можеме да се мешаме ако има џентлменски договор да треба да ги намалиме цените на тие главните производи. Јас би предложил би апелирал да нема покачување на цените но мора да има некој договор“, изјави Менди Ќура, претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија.
Вчера од министерството за економија и труд имале состанок со стопанската комора на кој побарале во следните две недели да се задржат цените од периодот кога на сила беше кошничката. Од Стопанската комора за Телма велат дека ќе се обидат да нема поместувања, но потоа ќе мора повторно да се анализира состојбата.
Од комората предложиле и кога ќе се формираат новите кошнички за време на празници, добро да се утврди кои производи ќе се опфатат за да се намали бројот на продукти чии цени ќе треба да се намалат за да може попустот да биде поголем. Исто така, предложиле ако дојде до сериозни пореметувања на пазарот, наместо кошнички и други мерки, да се активираат стоковите резерви.
Од денеска повеќе не важи кошничката со која беа опфатени дел од продуктите кои еден месец имаа акциска цена. Тоа не беше мерка донесена со одлука на Влада, туку со даден збор од страна на бизнис заедницата. Самите предложија на кои производи можат да дадат акциска цена. Сега надлежните го следат пазарот и дали ќе има нагло покачување по завршувањето.
Ако дојде до тоа ќе бидат принудени да воведат мерки од типот на замрзнување на цени и маржи. Кога стапи на сила кошничката мерката се искомплицира со тоа што производите кои беа опфатени поевтинија за некој денар, но поскапеа оние кои не се дел од кошничката, па така Владата без можност за казнување ги предупреди да ги вратата цените за да не се воведат поригорозни мерки.
Но, вчера преку допис од министерството за економија соопштија дека кошничката била успешна, бидејќи дека била на сила трошоците за храна и пијалоци се намалиле за 0,3 проценти.
Од ССМ ефектот ќе го коментираат кога ќе излезат податоците за потрошувачката кошничка која се соопштува пред крајот на секој месец.
Ирена Чачкова
The post Бизнизот не може да гарантира дека ќе нема скок на цените по новогодишната кошничка appeared first on telma.com.mk.