Поранешниот кошаркар на Мајами хит, Двејн Вејд даде свое видување за ситуацијата на Џими Батлер кој е еден од најдобрите играчи на „жешките“, но е под суспензија.
– Се работи за его, гордост, борба за позиција. Организацијата изгледа грдо. Но, ако клубот одлучил да воведе железна дисциплина, тогаш мора на тоа да се опстои до крај. Некои од работите што ги слушаме ние поранешните играчи на Хит за тоа што се случува во клубот не ни се допаѓаат. Ситуацијата е многу грда. Се надевам дека се ќе биде готово наскоро. Ако ја погледнете историјата на организацијата ќе видите дека многу ѕвезди го напуштија тимот. Налетавме на одговорниот човек. А кога тоа ќе се случи во Мајами, тој секогаш ја има последната смеа, заклучи Двејн Вејд.
Џими Батлер е суспендиран од Мајами Хит откако побара трејд.