(Видео) Халанд потпиша рекорден договор, па со видео порака покажа колку е големо неговото его

Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер сити. Норвежанецот го продол7и договорот до 2034 година, што е реткост во професионалниот спорт, особено во фудбалот.
Норвешкиот голгетер, еден од најдобрите во светот, и англискиот шампион потпишаа договор кој англиските медиуми го нарекуваат еден од најбогатите во историјата на спортот. Клубот објави видео со кое го потврди договорот, а тоа го направи и самиот Халанд.
Видеото објавено од Халанд трае нешто повеќе од 30 секунди. Откако камерата полека се движи кон него, кој полугол медитира во снегот, Халанд ги отвора очите и вели: „Тука сум да останам“.
И видеото кое го објави клубот завршува со истата порака.

🧘‍♂️ pic.twitter.com/IlL3uUhjkT
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) January 17, 2025

Во оригиналното видео од 70 секунди, Халанд го потврдува својот престој со писмо. „Почитувани дефанзивци“, ја започнува неговата порака напишана со пенкало, во која размислува за односот со нив.
„Како и во секоја врска, имавме подеми и падови“, вели Халанд, објаснувајќи дека сето тоа е нормално. „Да, водевме битки, а вие ме натеравте да бидам бидам во својата најдобра верзија“, продолжува да „пишува“, а потоа заклучува:
„Имаше многу гласини во последно време. Го разбирам тоа. Можеби не сакате понекогаш да бидам во близина, но мислам дека сме си потребни. Со други зборови, правите да бидам комплетен фудбалер. Сè што имам да кажам е: Жал ми е. Јас сум тука да останам.”

Dear defenders ️ pic.twitter.com/bra8MZEhq6
— Manchester City (@ManCity) January 17, 2025

Текстот (Видео) Халанд потпиша рекорден договор, па со видео порака покажа колку е големо неговото его е превземен од МАКФАКС.