Хју Грант откри дека е многу лош во кујната, и дека несвесно два пати го отрул семејството.
-Двапати го отрув семејството, им дадов црви. Недоволно подготвено пилешко. Беше темно. Месото беше на скара, користев термометар, но не можев добро да ја видам температурата. Послужив оброк – црви за сите. Сега моите деца ме молат да не готвам, изјави тој за британски Вог.
-Јас не сум готвач, но мислев дека термометарот е доволно прецизен. Излезе дека не било.„Да научите како правилно да подготвувате храна е клучно, не само за вкусот, туку и за здравјето на вашето семејство, додаде актерот.
Тој откри и дека во една прилика, за време на вечера со неговата колешка Сара Џесика Паркер, тој самиот за малку ќе умрел.
-Сара ми кажуваше нешто толку фасцинантно што вдишав парче пилешко. Морав да одам во тоалет за да умрам сам. За среќа, лекар од Тексас ме спаси, изјави Грант за споменатиот медиум.