Екс премиерот на Пакистан, Имран Кан осуден на 14 години затвор

Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан е осуден на 14 години затвор во случајот за корупција со продажба на земјиште, изјави неговиот адвокат. Пресудата е донесена по обвинението за земање на мито при продажба на земјиште за еден магнат во бизнисот со недвижности во износ од 190 милиони фунти.
Случајоит е поврзан со фондацијата Ал-Кадир што ја основаа Кан и сопругата додека беа на функција. Обвинителите тврдат дека фондацијата била параван за Кан. Неговата партија, пак, наведе дека земјиштето не било за лична корист, туку за духовно образовна институција.
Кан (72), кој исто така е освојувач и на Светски куп во крикет, беше сменет од премиерската функција во 2022 година. Во затвор е од август во 2023 година и се соочува со преку 150 казнени случаи.
Во случајот со корупција при продажба на земјиште е осудена и неговата сопруга, Бушра Биби.
The post Екс премиерот на Пакистан, Имран Кан осуден на 14 години затвор appeared first on telma.com.mk.