Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на беспилотни летала е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулча, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.
Романија, која е членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го следат нападот од воздух, пренесува Ројтерс.
Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на воздушниот простор на Романија се редовна појава во последните година и пол, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.
Текстот Забележан дрон во област во Романија, подигнати борбените авиони е превземен од МАКФАКС.