За повеќе од три пати е зголемен бројот на заразени со грип неделава во однос на претходната, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на втората недела од јануари пријавени 1.053 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип.
Во однос на возраста, од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, потоа забележни се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст…