Македонскиот ракометен репрезентативец Неанд Костески пред мечот со Холандија се надева дека нашиот национален тим ќе покаже дека напредува.
Од средбата со Унгарија ги извлековме добрите работи, лошите ги изолиравме за да ги подобриме. Ни следи дуел со брза, физички исклучително спремна репрезентација. Добро ги анализиравме, подготвени сме да сториме се за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ние ќе мораме да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и да внимаваме посебно во враќањето кон својот гол. Унгарија и Холандија се различни репрезентации, знаеме дека на терен мора да реагираме побрзо. Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека од тогаш сме напредувале и индивидуално и тимски“, изјави Костески.
Македонија во првото коло ремизира со Унгарија, додека Холандија убедливо го победи дебитантот Гвинеја. Мечот во салата во Вараждин се игра во петок од 18:00 часот.