Макрон во посета на Либан за поддршка на реформите и обновата на земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Либан, за прв пат од 2020 година, за да помогне во забрзувањето на формирањето влада која може брзо да ги спроведе реформите и да го отвори патот за обнова на земјата.

Макрон е во посета на земјата во време кога Франција сака да ја нагласи важноста на суверенитетот на Либан и да го поддржи спроведувањето на структурните економски реформи кои би ја вратиле довербата на меѓународната заедница, пренесоа светските агенции.

Франција, заедно со Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, одиграа клучна улога во надминувањето на политичкиот ќорсокак во Либан, по ноемврискиот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, што резултираше со избор на новиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам.  (МИА)