Мисајловски контра Трамп: Прагот од 5 отсто за одбрана е невозможен

Најавите за вложување 5 отсто од БДП за одбрана, што е повеќе од двојно од сегашната цел за трошоците на Северноатлантската алијанса, е сериозна сума што ќе претставува проблем за многу европски земји, вклучително и нашата земја. Сепак, Македонија низ периодот што следува со издвојувањето за воено-одбранбениот сектор ќе направи обид издатокот да достигне 3 проценти, што за мала земја и армија како нашата е тешко, но реално достижно, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за „Слободен Печат“.