Муцунски: Имав пријателски разговор со новиот министер за надворешни работи на Бугарија

„Ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва објави дека телефонски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија Георг Георгиев.

Оцени дека првиот разговор со својот бугарски колега поминал во пријателски дух.

Фото: Тимчо Муцунски (Икс)

„Имав прв пријателски телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му честитав за назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“,пишува Муцунски во објавата на својот профил на Икс.

Had a friendly first phone call with Georg Georgiev, the new Minister of Foreign Affairs of Bulgaria. I congratulated him on his appointment and expressed our determination to strengthen the partnership, enhance cooperation and jointly contribute to regional stability… pic.twitter.com/lyzkwgIXMK— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) January 16, 2025

Бугарскиот парламент денеска со мнозинство од 125 гласа „за“ ја избра новата влада во земјата на чело со премиерот Росен Жељазков. Тој и новите министри веднаш по изборот положија заклетва. 

„На Бугарија ѝ треба редовна влада“,изјави Жељазков од собраниската говорница, презентирајќи ги политиките на неговата влада.

Бугарскиот парламент ја избра новата влада на Росен Жељазков: „На Бугарија ѝ треба редовна влада“

БГНЕС: По безброј обиди, Бугарија сега има влада – познати имињата на предложените министри
The post Муцунски: Имав пријателски разговор со новиот министер за надворешни работи на Бугарија appeared first on 360 степени.