Повеќе од 70 луѓе загинаа при два израелски напади во Појасот Газа, соопшти во четвртокот Цивилната одбрана на палестинската територија, неколку часа по објавувањето на прекинот на огнот што треба да стапи на сила во недела меѓу Хамас и Израел.
Иако договорот за прекин на огнот е најавен, сепак треба да биде одобрен од израелската влада.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека владата ќе го одложи планираниот состанок закажан за четврток наутро на кој ќе се…