Жорге Жесус тренерот на Ал Хилал потврди дека Нејмар нема да биде регистриран за вториот дел од лигата во Саудиска Арабија затоа што веќе не е толку добар.
Нејмар во 2024 година постојано беше повреден, не одигра речиси ништо, а доби огромни пари на име на плата. Бразилецот ќе биде надвор од тимот до крајот на сезоната.
„Нејмар нема да биде регистриран, но може да игра во aзиската Лига на шампиони“, потврди Жорге Жесус.
„Тој е играч од светска класа. Но вистината е дека физички Нејмар веќе не може да игра на нивото кое го бараме“.