Тимот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп работи на стратегија за санкции која ќе има за цел да ја принуди Русија на дипломатски договор со Украина, додека, пак, паралелно ќе се зголеми притисокот врз Иран и Венецуела.
Два главни пристапи се разгледуваат: ослободување на санкциите за руски производители на нафта ако се постигне мировен договор или заострување на санкциите, вклучувајќи секундарни санкции на трговијата со руска нафта.
Европските земји се вклучуваат во следењето на т.н. сива флота на танкери што пренесуваат руска нафта што пред извесно време беа ставени на листата на санкции. Плановите сè уште се во рана фаза, а конечната одлука ќе зависи од Трамп.
The post Планот на Трамп за ставање крај на војната во Украина се нови санкции за Русија appeared first on telma.com.mk.