По два дена откако е примено, почина деветгодишно дете на скопската Клиника за детски болести. Детето на 14 јануари било доведено на скопската клиника од штипската болница во тешка состојба, се вели во писменото соопштение од Клиничка болница-Штип.
„Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со…