Почнете да учите руски – Захарова со порака до Руте

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова со критика до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по неговата изјава дека ако алијансата не ги зголеми трошоците за одбрана, жителите на Европа ќе мора да учат руски или да се преселат на Нов Зеланд.
Таа го оцени ова како националистичка изјава и иронично ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО да почнат да учат руски јазик, нагласувајќи дека рускиот е еден од официјалните јазици на ОН.
Захарова потсети дека дел од земјите членки на НАТО веќе ги зголемија воените буџети како што е случајот со Полска, која веќе троши над 4% од БДП за одбрана.
The post Почнете да учите руски – Захарова со порака до Руте appeared first on telma.com.mk.