Министерството за транспорт на Јужна Кореја одби да коментира дали во двата мотори се пронајдени пердуви и крв
ФОТО: EPA-EFE/HAN MYUNG-GU
Птичји пердуви и крв пронашле инспекторите во двата мотори на авионот на „Џеџу ер“ што се урна во Јужна Кореја минатиот месец, при што загинаа 179 луѓе, пренесува Ројтерс.
Авионот, кој полета од тајландскиот главен град Бангкок за округот Муан во југозападна Јужна Кореја, слета без тркала, се излизга од пистата и се запали откако удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан.
Само двајца членови на екипажот што биле на крајот на авионот ја преживеаја најголемата авионска катастрофа на јужнокорејска територија.
Околу четири минути пред несреќа, според јужнокорејските власти, еден од пилотите пријавил удар на птица и прогласил вонредна состојба пред да се обиде да слета на спротивниот крај на пистата.
Инспекторите соопштија дека се пронајдени пердуви на еден од моторите извлечени од местото на несреќата, додавајќи дека видео снимката покажала дека имало удар на птица врз мотор.
Министерството за транспорт на Јужна Кореја одби да коментира дали во двата мотори се пронајдени пердуви и крв, пишува Ројтерс.
По несреќата инспектори ги проверуваа двете црни кутии на авионот на јужнокорејската „Џеџу ер“. Тие ги преземаа податоците од снимачот на глас од пилотската кабина, додека кај оној за податоците за летот рекоа дека му недостасува клучен конектор, што го отежнувало извлекувањето на податоците, но од Министерството за транспорт рекоа оти бараат начини да ги прочитаат податоците од неа.
Се истражуваат црните кутии од паднатиот авион во Јужна Кореја, властите бараат начин да ги прочитаат податоците
Според Сим Џаи-донг, поранешен истражувач на несреќи во Министерството за транспорт, податоците што недостасуваат се изненадувачки и сугерираше дека целата струја, вклучително и резервната, можеби е прекината, што е реткост.
Еден ден по несреќата, вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, нареди итна безбедносна проверка на целиот систем за воздушен транспорт додека истражителите се обидуваат да ја утврдат причината за најсмртоносната авионска несреќа во Јужна Кореја.
Јужна Кореја нареди итни безбедносни проверки по падот на авионот во кој загинаа 179 лица
Критики имаше за распоредот на аеродромот, а воздухопловните експерти се прашуваа зошто е изграден голем бетонски насип на околу 250 метри од крајот на пистата.
Се претпоставува дека жртвите загинале откако авионот на „Џеџу ер“ удрил во бетонскиот насип при што патниците биле исфрлени во околните полиња.
Јужнокорејските власти соопштија дека насипот е изграден според индустриските стандарди, додавајќи дека аеродромите во другите земји имаат слични карактеристики. Но, некои експерти се сомневаа во потребата да се изгради толку блиску до крајот на пистата, беше наведено во напис од „Гардијан“.
(ФОТО) Само двајца ја преживеаја авионската несреќа во Јужна Кореа, меѓу 179 загинати е тригодишно дете
The post Птичји перја и крв биле пронајдени во моторите на урнатиот авион во Јужна Кореја appeared first on 360 степени.