Со 11 чамци и осум дрона се трага по тригодишното дете во реката Сава кај Загреб

Тимовите за пребарување, според хрватски „Индекс“, денеска ќе ја прошират потрагата и на Сисачко-мославинската жупанија

Мајката, која со детето завчера влегла во реката Сава, е уапсена и осомничена за тешко убиство на блиско лице

Хрватската полиција и останатите спасувачки служби од рано утринава ја продолжиле потрагата по тригодишното дете во реката Сава, која синоќа била прекината поради лошите услови, потврдила полицијата во Загреб, пренесува ХРТ.

Од потрагата по исчезнатото дете / Фото: Фејсбук профил на хрватски Црвен крст

Денеска е трет ден како се трага по исчезнатото дете, а во потрагата е опфатено целото течение на реката Сава во Загреб и Загрепската жупанија.

Потрагата почна откако полицијата вчера соопшти дека 34-годишна жена во средата пријавила дека со дете враце влегла во реката Сава, кај мостот Јанкомир. Станува збор за мајката на детето, а полицијата, како што пренесуваат хрватските, ја исклучила можноста дека станува збор за несреќен случај. Жената е уапсен и осомничена за тешко убиство на блиско лице.  

„На 15 јануари околу 16 часот и 10 минути, полицијата постапила по пријава од 34-годишна жена која со дете во рацете влегла во реката Сава кај мостот Јанкомир. На жената и е укажана лекарска помош, додека биле преземени интензивни мерки за пронаоѓање на детето. По укажаната лекарска помош, 34-годишната жена синоќа е уапсена и донесена во полициска управа за кривична истрага поради сомнение за сторено кривично дело тешко убиство на блиско лице“, се вели во соопштението на загрепската полиција.

Спасувачките тимови, вклучително и полицијата, пожарникарите и припадниците на Хрватската планинска служба за спасување (ХГСС), го пребаруваат коритото на реката користејќи чамци, дронови и подводни скенери.

Министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божиновиќ прецизираше дека во потрагата се користат 11 чамци и осум дрона и дека засега нема траги од детето.

Потрагата по тригодишно девојче во реката Сава во Загреб продолжува и денеска, хрватските служби вклучиле и дронови

Од Хрватскиот завод за социјална работа за Хина потврдија дека семејството на 34-годишната жена не е третирано од надлежните подрачни служби, ниту пак се преземени мерки за семејна правна заштита.

Во полиција на распит бил и нејзиниот сопруг, а, според хрватските медиуми сослушани се и повеќе други лица кои би можеле да и помогнат на полицијата во истрагата.

Тимовите за пребарување, според хрватски „Индекс“, денеска ќе ја прошират потрагата и на Сисачко-мославинската жупанија.

Сè уште останува нејасно од кои причини 34-годишната жена влегла во водите на Сава со тригодишното дете.
The post Со 11 чамци и осум дрона се трага по тригодишното дете во реката Сава кај Загреб appeared first on 360 степени.