Тинејџер доживеал струен удар додека бил качен на цистерна-вагон во скопска Кисела Вода

Малолетникот со Итна помош е пренесен во Ургентниот центар

Седумнаесетгодишно момче попладнево доживеало струен удар додела било качено на цистерна-вагон на пругата во скопска Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека цистерната се запалила, а момчето со Итна помош е пренесено во Ургентниот центар.

„Денеска во 14:55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“,се вели со соопштението од МВР.

Засега не се познати причините за несреќата.

Во сличен инцидент во февруари 2023 година, во скопски Илинден почина 14-годишно девојче, откако качено на вагон, доживеа струен удар по допир на жица за струја со висок напон.
The post Тинејџер доживеал струен удар додека бил качен на цистерна-вагон во скопска Кисела Вода appeared first on 360 степени.