Манчестер сити и Ајнтрахт Франкфурт се договорија за трансферот на Омар Мармуш. Се очекува премиерлигашот да плати 60 милиони евра обештетување плус бонуси кои ќе зависат од настапите на Еѓипќанецот во дресот на „граѓаните“.
Мармуш игра неверојатна сезона во дресот на Франкфурт и во Бундеслигата на 17 натпревари има 15 голови и 10 асистенции. За германскиот тим ова ќе биде огромна заработка, бидејќи крилниот напаѓач дојде во клубот во летото 2023 година како слободен агент од Волфсбург.
The post Мармуш ќе биде најновото засилување за Манчестер сити appeared first on telma.com.mk.