Ливерпул е подготвен да испрати сериозна понуда за левиот бек на Бормут, Милош Керкез.
Менаџерот на „црвените“ Арне Слот добро го познава Унгарецот од времето кога настапуваше во АЗ Алкмар и во него гледа идеална долгорочна замена за Енди Робертсон.
Фудбалерот кој има 21-година се пресели во Англија во летото 2023 година за 18 милиони евра. Претходно играше за Милан и Ѓер.
Моменталната цена на Керкез на трансфер-пазарот изнесува 28 милиони евра.
The post Ливерпул пронајде замена за Енди Робертсон appeared first on telma.com.mk.