Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети во интервју за КОД кое ќе го објавиме в недела вели дека за поканата од обвинителството да дојде на разговор за кривичната пријава дека неговата фирма „Еверест ЏД“ не плаќала концесиски надомест за експлоатација на минерални суровини од рудник во Кичево дознал од медиумите.
Тој на 18 ноември, минатата година бил на информативен разговор во обвинителството. Целото интервју со Ахмети и во врска со истрагата за купопродажбата на Соравија, случајот со приротехничките средства и за други теми ќе го објавиме в недела.
„Јас дојдов од САД специјално со цел да одговорам на официјална институција која многу ја почитувам и да одговарам на било кои сомневања кои ги имаат за тоа што сум направил. Ова се однесува на случајот за концесијата. Јас им објаснив на нив. Им ги обезбедив уплатите. Им ги обезбедив платените камати за доцнењето и им кажав зошто имаше доцнење. Техничките причини зошто имаше доцнење“, ВЕЛИ дРИН аХМЕТИ ВО ИНТЕРВЈУ ЗА код.
Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, се огласи во јавноста во јули минатата година по повод информациите дека друштвото „Еверест ЏД“ ДООЛ Скопје, чиј сопственик и управител е, не плаќало концесиски надоместок за експлоатација на минерална суровина на локалитетот „Буковиќ“ во Општина Зајас.
Тој тогаш го демантираше Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, за, како што се наведува во соопштението, „изнесените невистини на две прес-конференции“ за друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје. Во прилог на тоа, внукот на Ахмети ги сподели и сите упати на фирмата за концесиски надоместок за простор и експлоатација за периодот 2016 – 2024 година.
„Сме плаќале концесиски надоместок за простор и експлоатација од 2016 до 2024 година“ – внукот на Али Ахмети со демант за Лефков и ВМРО-ДПМНЕ
The post (видео)Дрин Ахмети во интервју за КОД: Од медиумите дознав за поканата од Обвинителство заради неплаќање концесиски надомест appeared first on telma.com.mk.