Тешко е повредена дваесетгодишна студентка во центарот на Белград кога во неа удрил автомобил додека таа била дел демонстрантите кои стоеле на протестна блокада на раскрсница. Возачот побегнал од местото, а полицијата соопшти дека е пронајден. Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар.
„Пациентката е примена во свесна состојба. Таа е комуникативна и во стабилна општа состојба. Поради повредите со кои се здобила во тек е дополнителна дијагностика“, велат за српската национална…