На видеата објавени во медиумите и на социјалните мрежи, се гледа дека девојката стои на тротоарот на крстосницата на која се одржува студентската блокада, кога автомобил влетува на тротоарот и удира во неа. Возачот не застанува, туку продолжува да вози носејќи ја девојката на кровот на автомобилот неколку метри, а по што таа паѓа на асфалтот
Неколку илјади студенти и граѓани денеска излегоа на протест во Белград поради инцидентот во кој 20-годишна студентка се здоби со тешки повреди откако кон неа влета автомобил за време на протестната блокада денеска напладне во центарот на главниот град на Србија.
Моментот кога автомобилот влета во девојката / Фото: Принтскрин
Српските медиуми пренесоа дека возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот, по што полицијата и обвинителството соопштиле дека е идентификуван, пронајден и дека му е одреден притвор од 48 часа.
Тој е осомничен за тешко убиство во обид. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека осомничениот М.П. (1987) претходно седумпати бил осудуван за различни кривични дела.
Инцидентот се случил околу пладне во центарот на Белград, за време на студентските блокади.
На видеата објавени во медиумите и на социјалните мрежи, се гледа дека девојката стои на тротоарот пред семафорот на крстосницата на која се одржува блокадата, кога автомобил влетува на тротоарот и удира во неа. Возачот не застанува, туку продолжува да вози носејќи ја девојката на кровот на автомобилот неколку метри, а по неколку секунди таа паѓа на асфалтот.
По инцидентот, илјадници студенти и граѓани во знак на протест ја блокираа крстосницата кај Правниот факултет во Белград, а потоа тргнаа пеш кон Јавното обвинителство, барајќи кривична одговорност за сторитетлот.
Брза истрага за случајот побара и Делегацијата на Европската Унија во Србија.
„Многу сме загрижени поради денешниот инцидент против демонстрантите. Очекуваме брза истрага, а на повредената студентка ѝ посакуваме целосно закрепнување. Правото на протест е основно право кое мора да се заштити кога се остварува на мирен начин“,велат од европската делегација во Србија.
Veoma smo zabrinuti zbog današnjeg incidenta protiv demonstranata. Očekujemo brzu istragu i želimo potpuni oporavak povređenoj studentkinji. Pravo na okupljanje je osnovno pravo koje mora biti štićeno kada se mirno ostvaruje. #euzatebe @EGiaufretEU— EU u Srbiji (@eusrbija) January 16, 2025
The post Студентка од Белград тешко повредена откако автомобил влета во неа, возачот е приведен appeared first on 360 степени.