„Вреди“: Даути глуми жртва, целиот товар за блокадата на Законот за бранители го понесе Гаши

Од владејачката коалиција ја обвинија Даути за неспособност да ја води Комисијата, а покрај оставката од претседателската функција во ова собраниско тело, ѝ порачаа да си поднесе оставка и од пратеничката функција

Владејачката „Вреди“ оцени дека Илире Даути се виктимизира и глуми жртва со тоа што поднесе оставка од функцијата претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади. Тоа, како што велат од коалицијата, е единствената улога што таа знае најдобро да ја одигра, признавање слабост и показател на неодговорност.

Лидерите на четирите партии на Албанците кои се дел од коалицијата „Вреди“ / Фото: Архива

Оттаму ја обвинија Даути за неспособност да ја води Комисијата, а покрај оставката од претседателската функција во ова собраниско тело, ѝ порачаа да си поднесе оставка и од пратеничката функција.

„Виктимизацијата не може да ги спаси од каењето по обидот да помогнат во блокирањето на Законот за бранителите. На Албанците не им требаат пратеници на кои им недостига храброст и единственото решение за нив е оставката. Можеби во ДУИ или во Речица оваа ваша постапка ќе биде наградена, зашто одговара на политиките на оваа нон-грата партија. Кукавици, неодговорни, лажговци, лажни жртви, бесрамни“,порачаа попладнево од владејачката „Вреди“.

Во врска со Законот за бранителите, кој остана заглавен во Комисијата којашто ја водеше Даути, од „Вреди“ велат дека главниот товар за блокадата на ова законското решение го понел собранискиот спикер Африм Гаши.

„Тој доби кривична пријава од Левица за покажаната решителност во блокирањето на овој преполовен закон предложен од опозицискиот партнер на ДУИ, СДСМ. Решиле да ги остават ‘Вреди’ и Африм Гаши сами во оваа битка. Но, ова воопшто не ја расипува работата, бидејќи, како што ја започнавме оваа битка одделно, така и ќе ја продолжиме на сличен начин. Оставката на Даути не ја запира нашата кауза, само ја разобличува личнонеа и субјектот кој стои зад ДУИ како нон грата“,велат од владејачката коалиција.

Илире Даути си поднесе оставка од претседателка на собраниската комисија, а Гаши ја констатираше на нејзино инсистирање

Пратеничката Илире Даути, на која во петокот ѝ беше изгласана интерпелација, денеска поднесе оставка од функцијата претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади, која на нејзино инсистирање беше констатирана од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
The post „Вреди“: Даути глуми жртва, целиот товар за блокадата на Законот за бранители го понесе Гаши appeared first on 360 степени.