Државниот секретар на САД изјави дека тој и други претставници на администрацијата на Џо Бајден, чиј мандат завршува во понеделник, телефонски разговарале за да се обидат да ги решат прашањата во врска со примирјето објавено вчера преку посредникот Катар
Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен очекува и вели дека е уверен оти целосното спроведување на прекинот на огнот во Газа ќе започне в недела.
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL
„За прекинот на огнот, јас сум уверен и целосно очекувам дека имплементацијата ќе започне во недела“,рече Блинкен на прошталната прес-конференција одржана денеска.
Изјави дека тој и други претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, чиј мандат завршува во понеделник, телефонски разговарале за да се обидат да ги решат прашањата во врска со примирјето објавено вчера преку посредникот Катар. Истакна дека процесот на преговори е „предизвикувачки“.
„Цело утро разговарав со советникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Брет Мекгурк, со нашите пријатели од Катар, и сум убеден дека во недела ќе го видиме почетокот на спроведувањето на договорот“,додаде Блинкен.
Неговите изјави доаѓаат еден ден откако Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа.
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот: Трамп го нарече епски, од кабинетот на Нетанјаху велат дека се доработуваат детали
The post Блинкен е уверен дека примирјето во Газа ќе почне да се спроведува в недела appeared first on 360 степени.