Оперативни информации има, но нема официјална потврда каде се наоѓа Груби, вели Тошковски

Министерот изрази жалење оти изјавите дека некој е чист како солза и дека нема сторено ништо незаконски, алудирајќи на изјавите што ги даде поранешниот прв вицепремиер по неговото напуштање на државата, се испоставиле лажни

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прашан дали МВР има информации каде се наоѓа ексвицепремиерот, но и останати поранешни функционери кои се недостапни на органите на прогонот.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи / Фото: „360 степени“ (архива)

„Оперативни информации за дел од овие лица коишто се опфатени со овие предистражни и истражни постапки во рамки на изминатиов период имаме, и за сите оние за коишто имаме соодветни оперативни информации е стапено во контакт со надлежните служби во рамки на државните за коишто имаме добиено оперативни информации и таквите се размемуваат меѓусебе. Официјална информација за потврда дека одредено лице од овие коишто ги напоменавте дека се бегалци од правдата сè уште немаме“,изјави Тошковски во интервјуто за „Клик плус“.

Министерот изрази жалење оти изјавите дека некој е чист како солза и дека нема сторено ништо незаконски, алудирајќи на изјавите што ги даде Груби по неговото напуштање на државата, се испоставиле лажни.

„Жалам што и покрај тоа што имавме изјави во минатото дека одредени лица коишто се недостапни на органите на прогонот дека се чисти како солза, дека немаат ништо незаконито сторено, дека иамле приватни обврски и заради тоа не се вратиле во државата, жалам што од ден на ден сè повеќе овие тврдења излегуваат дека се лажни и сè уште дел од нив се недостапни на органите на прогонот“,додаде Тошковски.

Во интервју за „360 степени“ во понеделникот, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека тој лично не знае каде е Артан Губи во моментов, но се надева дека, со оглед на тоа што за него е распишана меѓународна потерница, ќе биде испорачан во државава.

Коцевски за бегството на Груби: Проверуваме дали е виновен само полицискиот службеник
The post Оперативни информации има, но нема официјална потврда каде се наоѓа Груби, вели Тошковски appeared first on 360 степени.