Кинескиот потпретседател пристигнува на инаугурацијата на Трамп

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари, објавија кинеските државни новински агенции, додека Пекинг изрази подготвеност да ги подобри односите со новата американска администрација.
Хан доаѓа на покана на американската страна, објави кинеската национална телевизија.
„Подготвени сме да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата со новата американска влада, правилно да управуваме со разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка и заеднички да промовираме стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи“, соопшти кинеската централна телевизија (CCTV).
„Кина отсекогаш гледала и ги развивала кинеско-американските односи во согласност со принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни.
Кина е подготвена да „најде правилен начин Кина и Соединетите Држави да се сложуваат во новата ера“, соопшти CCTV.
Трамп на 6 јануари рече дека тој и кинескиот претседател Си Џинпинг комуницираат преку претставници, изразувајќи оптимизам за нивната врска.
Текстот Кинескиот потпретседател пристигнува на инаугурацијата на Трамп е превземен од МАКФАКС.