Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за „амбасадори на Холивуд“

Доналд Трамп назначи тројца негови долгогодишни славни поддржувачи – Мел Гибсон, Силвестер Сталоне и Џон Војт – за „специјални амбасадори“ на Холивуд, со цел да ја направат филмската индустрија „посилна од кога било досега“, пишува „Гардијан“.
Новоизбраниот претседател ги објави овие назначувања, чии одговорности се уште не се познати, на платформата Truth Social во четвртокот, четири дена пред неговата инаугурација. „Чест ми е да ги најавам Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне како специјални амбасадори на едно големо, но многу проблематично место – Холивуд, Калифорнија“, напиша тој.

„Нивната улога ќе биде да бидат мои специјални пратеници, со цел Холивуд, кој изгуби многу бизнис во странство во последните години, да се врати поголем, подобар и посилен од кога било досега! Овие три исклучително талентирани луѓе ќе бидат мои очи и уши и јас ќе го спроведам она што тие го предлагаат. Холивуд повторно ќе го доживее своето златно доба, исто како и самите Соединети Американски Држави“, рече тој.
Текстот Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за „амбасадори на Холивуд“ е превземен од МАКФАКС.