Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Либан, за прв пат од 2020 година, за да помогне во забрзувањето на формирањето влада која може брзо да ги спроведе реформите и да го отвори патот за обнова на земјата.
Макрон е во посета на земјата во време кога Франција сака да ја нагласи важноста на суверенитетот на Либан и да го поддржи спроведувањето на структурните економски реформи кои би ја вратиле довербата на меѓународната заедница, пренесоа светските агенции.
Франција, заедно со Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, одиграа клучна улога во надминувањето на политичкиот ќорсокак во Либан, по ноемврискиот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, што резултираше со избор на новиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам. (МИА)