Нетанјаху потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека е постигнат договор за ослободување на заложниците во Појасот Газа. Преговарачкиот тим го информираше премиерот за договорот, а за денеска е закажан состанок на кабинетот за безбедност.
Израелските власти претходно го обвинија Хамас за повлекување на клучни точки од договорот, додека Хамас го негираше тоа. Доколку договорот биде одобрен, се предвидува прекин на огнот од недела и размена на заложници со палестински затвореници.
Условите за траен прекин на борбите ќе бидат финализирани во подоцнежна фаза. Договорот беше објавен во средата од посредниците Катар и САД.
The post Нетанјаху потврди дека е постигнат договор за прекин на огнот appeared first on telma.com.mk.