Лидерот во приредување игри на среќа ја продолжува големата акција на опремување на институциите во Македонија со најсовремена техничка опрема.
Овојпат, на барање на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид, компанијата донираше телевизори кои ќе бидат поставени во болничките соби.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart што ни излезе во пресрет и за краток временски период го одобрија и реализираа нашето барање. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и натаму со поголеми проекти”, изјави Др. Харалампие Шокароски, Директор на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид.
Акцијата за донирање техничка опрема трае веќе неколку години. Долг е списокот на институции кои до сега беа дел од истата. Mozzart и натаму продолжува да подава рака секаде каде тоа е потребно.
„Како и за секоја друга донација, така и овојпат среќни сме што можевме да помогнеме. Нашата компанија и натаму останува лидер кога станува збор за општествената одговорност. Со исто темпо продолжуваме и понатака”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
ПР текст
Текстот Mozzart продолжува да ги опремува институциите: Донација за ЈЗУ Св.Еразмо Охрид е превземен од МАКФАКС.