Министерот ја истакнал и решителноста на Владата за напредок на патот кон ЕУ, а во однос на добрососедските односи, Муцунски ја потврдил посветеноста на државата за нивно постојано унапредување врз принципите на меѓусебна почит и доверба
Напредокот на државата на евроинтеграцискиот пат, идните чекори во процесот, како и можностите за зајакнување на соработката биле теми на разговор меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и Карло Реслер, европратеник и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Северна Македонија и Европската Унија.
Карло Реслер, европратеник и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на С Македонија и ЕУ и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
Двајцата го нагласиле значењето за одржување на конструктивен дијалог со Европскиот парламент на сите нивоа и продлабочување на соработката за унапредување на заедничките интереси.
„Министерот Муцунски му се заблагодари на европратеникот Реслер за одличната соработка и континуираната вокална поддршка на Европскиот парламент во однос на евроинтеграциите на земјата и изрази очекување дека во наредниот период со заеднички напори ќе успееме да постигнеме конкретен напредок на патот кон ЕУ“,се наведува во соопштението на МНР.
Министерот ја истакнал и решителноста на Владата за напредок на патот кон ЕУ преку стабилен реформски процес во клучните области, унапредување на економските капацитети и подобар животен стандард на граѓаните. Во однос на добрососедските односи, Муцунски ја потврдил посветеноста на државата за нивно постојано унапредување врз принципите на меѓусебна почит и доверба.
The post Муцунски на средба со европратеникот Карло Реслер, во фокус напредокот на земјата на патот кон ЕУ appeared first on 360 степени.