Украинска војска: Синоќа соборивме 33 дронa лансирани од Русија

Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот

Украинската противвоздушна одбрана (ПВО) собори 33 од 50 дронови лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Тие наведуваат дека девет беспилотни летала се „изгубени“, мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден дрон ја напуштил Украина во правец кон Романија.

Air Defense Forces destroyed 33 out of 50 russian attack UAVs. 9 russian imitator drones were lost locally (without negative consequences), and another one left Ukrainian airspace in the direction of Romania.Join the current fundraising for the Armed Forces of Ukraine: … pic.twitter.com/c6ADw43TEt— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) January 17, 2025

„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата Телеграм.

Оттаму додадоа дека под напад е и пристаниште во реонот на Дунав.

Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.
The post Украинска војска: Синоќа соборивме 33 дронa лансирани од Русија appeared first on 360 степени.