ФОТО: Пабот кој е фан зона на „Фалангата“ ги слушна навивачите – Просторот се проширува, подготвено изненадување за Македонците

Фан зоната на македонските навивачи кои се во Вараждин да ги бодрат ракометарите, објави дека од утринава ги очекува навивачите на загревање пред натпреварот против Холандија.

Пабот каде е лоцирана Фалангата одлучил да го прошири капацитетот и да ја збогати понудата, што е само потврда за големиот број македонски навивачи кои секојдневно пристигнуваат во Вараждин.

-За денеска малку ја проширивме фан зоната, па освен нашиот подрум и загреаните тераси, очекувајте ја и предната тераса/влез полна со столици и греалки. А изненадувањето кое го подготвивме за Македонците (бидејќи тоа не’ замолија), е поставување на уште една позиција пред локалот со точено Ожујско пиво по цена од 2,5 евра за 0,5 литри, како и штанд со храна (хот-дог, кобасици, бургери…), објави пабот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 
A post shared by Medina Škrinja (@medinaskrinja)

Македонија вториот натпревар на Светското првенство ќе го одигра попладнево против Холандија со почеток во 18 часот.